Српски „Курир“: Боки ги чувал кај мајка му доказите против Заев

Српскиот дневен весник „Курир“, денеска излезе со насловна страница во која тврди оти ексклузивно дознал што Бојан Јовановски алијас Боки 13 им кажал на полицајците при апсењето и притворањето во затворот „Шутка“ за случајот „Рекет“.

Според изворите не белгградскиот весник, Боки 13 уште од старт им ставил до знаење на полицајците дека во случај да му се случи нешто или да биде обесен, доказите што ги имал против премиерот Зоран Заев ги оставил кај мајка му.

Засега нема потврда или реакции по насловната на „Курир“.