(Фото) Патот кон Грција поплочен со кратери и дупки
Кратер длабок неколку метри ги пречекува возачите што ќе тргнат од Ресен кон Преспа, односно кон Маркова нога. Без никаков знак или предупредување, среде асфалтот ќе наидете на дупка и катаклизмична фотографија.
Жителите на овој дел од Македонија тврдат дека ситуацијата е непроменета веќе година и половина.
Ова е патот што води кон селата Дупени, Љубојно и Брајчино, како и кон граничниот премин Маркова нога, кој не е во употреба со децении, но по договорот за името, би требало да проработи.
Текст и фото: Независен весник