Германски волонтери прават ново катче во Градски парк


Деновиве во Скопје престојува група волонтери од Бон, Германија и во Градскиот парк ја реализираат идејата за ново пријатно катче преку една необична инсталација. Се работи за кружна патека од различни материјали: парчиња од дрвја, природни камења, тревник, калдрма, цементирани плочи и други материјали кои ја подобруваат циркулацијата односно ќе треба да го поттикнуваат движењето, […]

Едно лице повредено во сообраќајка кај Дреновска клисура


Сообраќајка помеѓу товарно возило и минибус кај Дреновска клисура, повреден е  возачот на товарното возило, кое излетало од патот. Тој бил префрлен во кавадаречката болница. Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Сообраќајот се одвива наизменично по една лента. Увидот на лице место е во тек.

Принцот Вилијам сега е шпион?


Кенсингтонската палата објави дека британскиот принц Вилијам поминал три недели работејќи заедно со припадниците на тајните служби на Велика Британија за да го разбере начинот на функционирање на безбедносните и разузнавачките безбедности и разузнавачи служби на таа земја, пренесе АП. Се наведува дека принцот ја следел работата на разузнавачката служба за странство MI6, работел со […]

Облачно, со врнежи од дожд


Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 25 л/м2), а локално ќе бидат пopојни и проследени со гpмeжи. Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната температура од 10 до 16 степени. Во Скопје ќе биде облачно со […]

Кашоги планирал книга за една нова Саудиска Арабија инспирирана од американскиот систем


Турција – Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги, подготвувал книга за визијата на една нова Саудиска Арабија, инспирирана од американскиот систем, јави агенцијата Анадолија. Американскиот весник наведува дека Кашоги неколку месеци пред убиството работел на книга за реформи во Саудиска Арабија, која наликува на книгите кои се познати како „отворање очи“. Во колумната […]

Првите пари со „Северна“ во оптек ќе се пуштат од Нова година


Од почетокот на 2020 година на банкнотите од по 500 денари ќе биде напишано новото име на Народна банка, а во втората половина на следната година ќе бидат заменети хартиените 10-денарки со официјалниот назив. Од Народната банка велат дека пуштањето во оптек нема да создаде дополнителен трошок и ќе се прави на редовна основа, но […]

Се очекува Трамп денеска да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за „странска терористичка организација“, а неименувани американски функционери потврдија дека овој чекор без преседан со кој Белата куќа го зајакнува притисокот врз Техеран би можел да биде објавен уште денеска. Овој чекор на Трамп би можел да има големи последици врз американскиот […]

Александра Заева на табло: Ќерката на премиерот е матурантка


Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева оваа година е матурантка и на на својот Инстаграм профил, пријателите ги почести со фотографија од нејзиното табло. Александра е четврта година во средното училиште „Јане Сандански„ во Струмица. Во јавноста се уште не е познато каде таа ќе го продолжи своето школување дома или во странство. Александра […]

Прекршочни постапки за седум декани поради анкетните листови


Од вкупно 28 декани за кои Државната комисија за спречување на корупцијата започна постапка, 23 поднеле анкетни листови за имотната состојба, додека пет сè уште немаат поднесено. Од Антикорупциска подвлекуваат дека донеле заклучок да се поведе прекршочна постапка за декани на државните универзитети и тоа од (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и […]

Македонска филхармонија ќе издава носачи на звук


Од првиот концерт во новиот објект во октомври 2017 година, Филхармонијата редовно прави звучни снимки од сите концертни настани. Со новата зграда и опремата што ја има од пред една и пол година, проработи и аудиопродукција за која порано беше задолжена Македонската радио-телевизија. Од наредната година Филхармонијата планира да издава и цедиња од неколку концерти […]

Силјановска со парафот на Северна ги потпишува „натпартиските“


Македонија влегува во втората третина од кампањата за претседателските избори, чиј прв круг е закажан за 21 април. Реториката се заострува, политичките партии ги потиснуваат кандидатите за претседател, кои се обидуваат да остават слика на академски граѓани и колеги, кои ги прифатиле партиските машинерии како нужно зло. Свесни дека ширењето негативни информации за политичкиот противник […]

Основачко собрание на Советот на амбасадори


На Универзитетот ФОН во Скопје денеска ќе се одржи основачко собрание на здружението ,,Совет на амбасадори“, како независно здружение од државните институции, непартиско, непрофитабилно здружение на амбасадори и поранешни министри за надворешни работи. Целта на Здружението е преку своите активности  да помогне во креирање и успешното имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, […]

Делегација на Собранието на пролетната сесија на ПС на Советот на Европа


Франција – Пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе се одржи во Стразбур од денеска до12 април, а ќе учествува и делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав Бетиан Китев (СДСМ) претседател на делегацијата и членовите Шпреса Хадри (ДУИ) и Антонијо Милошоски (ВМРО-ДПМНЕ). Пред ПССЕ ќе треба да се […]

Либија и Венецуела главни теми на Советот на министри за надворешни на ЕУ


Луксембург – Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе одржат средба во Луксембург, на која главни теми на дневен ред се состојбата во Венецуела и тензиите во Либија, како и Авганистан и Украина. Иако Либија не е формално на агенда, ескалацијата на конфликтот во оваа земја ќе биде една од главните теми на денешниот редовен […]

Нови осум случаи на морбили


Лекарите во текот на саботата и неделата регистрирале уште осум пациенти заболени од морбили. Од нив двајца се хоспитализирани, едниот пациент е дете на едногодишна возраст од Куманово вакцинирано со една доза на вакцина, а другиот пациент на 42 години од Општина Гази Баба, за кој нема податок за примени вакцини. Од Министерството за здравство […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Бурното минато е веќе зад вас: имате доволно фантазија за да се вивнете како на магичен килим и да ја искористите динамичната сила во остварување на своите потенцијали. Практични показатели со кои доаѓате до самопрочистување: средба со старите пријатели кои ќе го возбудат вашето срце. Убави лични контакти. БИК: Дарувањето креира посебно задоволство: подобро […]

Силјановска : Да не дозволиме да се избере претседател на државата во Собранието


Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова вечерва побара поддршка од струмичани, со цел на претседателските избори, како што кажа, да ги делегитимираат штетните политики на Зоран Заев и на СДСМ. – Овие избори не само што ќе значат делегитимирање на овие политичари, туку ќе значи делегитимирање на се што презедоа […]

Локализиран пожарот на Водно


Пожарот што избувна доцна вечерва во шумата на планината Водно е локализиран 80 проценти, под контрола е, и се работи на дорасчистување на жариштата, изјави за МИА Владимир Симоновски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје. Во гаснењето на пожарот првично се интервенираше со три возила и десет пожарникари,  по што е испратено […]

Пожар на планината Водно


Пожар избувна вечерва на планината Водно, во пределот над Клиниката за детски болести „Козле“. Во гаснење на пожарот интервенираат три возила и десет пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје. – Состојбата е под контрола, се намалува интензитетот и нема поголема опасност, изјави за МИА, Владимир Симоновски, командир на Бригадата за противпожарна заштита.

Река во Куманово повика на масовна излезност на претседателските избори


Треба да владее правото, ќе се обидам да ја деполитизирам државата и да понудиме можност младите да  останат, а не да мигрираат, порача кандидатот за претседател Блерим Река вечерва на митинг во Куманово. – Без суштински реформи не може да одиме напред, потенцира Река, претседателски кандидат поддржан од БЕСА и Алијанса на Албанците. Тој истакна […]