(ВИДЕО) Севернокорејската телевизија ги изненади своите гледачи, но само на еден ден


Државната телевизија на Северна Кореја ги изненади сите кога емитуваше вести во кои за првпат користи млада водителка, 3Д графички содржини, „тајм-лапс“ видео и анкетирање луѓе на улиците. Ова беше огромно изненадување за сите со оглед на тоа дека КЦТВ, без оглед на напредокот во светот, е позната по тоа што нема никакви модерни технолошки […]

Силјановска Давкова: Правото на самоопределување е право на секоја држава и народ


Кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова денеска пред граѓаните во Радовиш истакна дека е загрижена од она што оваа влада го има направено во изминатите две години, потенцирајќи дека многу ветиле, а ништо не направиле. – Од една страна сум среќна бидејќи имам увид во проблемите на мојот народ, вашите проблеми сите […]

Харадинај: Јас сум американски војник кој извршува наредби


Премиерот на Косово, кој престојува во САД, во едно интервју повтори дека односите помеѓу САД и Косово се добри. Тој додаде дека таксата од 100 проценти на српските и босанските производи е воведена „против интересот на Србија и Русија на Балканот“, пренесуваат косовските медиуми. За себе, тој истакна дека е „американски војник на терен кој […]

(ВИДЕО) Дејан Манасков со пораз и крвава глава го заврши дербито меѓу Веспрем и ПИК Сегед


Дејан Манасков во големото дерби на унгарскиот ракомет, помеѓу неговиот Веспрем и ПИК Сегед, доживеа пораз, но и заработи повреда на главата. Неговиот тим загуби од големиот ривал кој е противник на Вардар во четвртиналето од Лигата на шампионите, со резултат 28:27, а во 23. минута од мечот нашиот репрезентативец доби удар во главата од […]

„Американ ерлајнс“ го продолжува откажувањето на летови со „Боинг 737 Макс“


Компанијата „Американ ерлајнс“ соопшти денеска дека и по 5 јуни ќе ја продолжи одлуката за откажување 90 летови дневно на авиони од типот „Боинг 737 Макс“, по две несреќи за пет месеци. Продолженото откажување од страна на најголемиот американски авио-превозник е последен сигнал во низата дека овој авион на „Боинг“ нема наскоро да се врати […]

Ердоган не го признава поразот и бара пребројување на гласовите во Истанбул


Партијата за правда и развој (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека ќе бара од Државната изборна комисија повторно пребројување на сите гласови во Истанбул, по локалните избори минатата недела. Опозициската Републиканска народна партија ја презеде контролата во Анкара и освои тесна победа во Истанбул. Партијата на Ердоган веќе се жалеше на резултатите […]

Пендаровски води пред Силјановска-Давкова и Река


На една недела од почетокот на изборната кампања за претседател на државата, Стево Пендаровски има најголема поддршка од граѓаните со 28,8 процент, пред Гордана Силјановска Давкова со 26,6 проценти и Блерим Река со 7,1 процент, покажа истражувањето на тема „Рејтинзи на претседателските кандидати“ спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во период од […]

Вардар ремизираше со Академија Пандев, Шкендија на плус 12


Заврши третата четвртина од домашното фудбалско првенство. Актуелниот шампион, Шкендија од Тетово е на најдобар пат да ја одбрани титулата откако вчера попладне го совлада градскиот ривал Ренова со 2-1. Формалниот домаќин поведе со голот на Бејтулаи, „гипсарите“ израмнија преку Садики, но во вториот дел стрелец за голот вреден три бода беше Радески. Шкендија сега […]

ОБСЕ/ОДИХР го објави периодичниот извештај за претседателските избори


Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го објави периодичниот извешрај за претседателските избори. Во извештајот е опфатен периодот од 11 март до 2 април и се содржани согледувањата на ОБСЕ/ОДИХР за дисегашниот тек од изборната кампања. – Пред кандидатите официјално да се регистрираат на 21 март, тие беа вклучени во активности на кампања, како одржување на средби со […]

Шекеринска: Државата подготвена да се справи со нова бегалска криза


Оваа држава покажа и претходно дека е подготвена да се справи со предизвикот. Институциите координираат не само помеѓу себе, туку и со нашиот јужен сосед. Ќе продолжиме многу внимателно да ја следиме состојбата поврзана со мигрантите и да гарантираме безбедност на нашите граници и на нашите граѓани, изјави денеска вицепремиерот и министер за одбрана Радмила […]

Пендаровски: За европска иднина, напред заедно


Заедно да одиме напред, независно од вера и нација, независно од тоа дали се работи за помлади или повозрасни. Заедно да овозможиме нови перспективи за вас, младите, за образование, пракса, патување, школување, работа.Ова денеска го порача кандидатот за претседател од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски, кој учествуваше на отворената младинска трибина „Get up, stand up“. […]

Венко Андоновски напиша песна за прераната смрт на Билјана Беличанец


Македонскиот писател Венко Андоновски напиша песна з апрераната смрт на актерката Билјана Беличанец – Алексиќ. Беличанец беше пронајдена мртва во својот дом во скопска Кисела Вода. Според официјалните информации на полицијата, во саботата околу 22:30 часот, во полициската станица во Центар, нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски, пријавил дека ја пронашол без знаци на живот. Полицијата […]

Холанѓанец со електричен автомобил мина 95.000 километри и потроши само 270 евра


Холанѓанецот Вибе Валкер ја заврши својата 3-годишна авантура во Сиднеј, Австралија, откако помина 95.000 километри со електричен автомобил. Целта на ентузијастот беше да го промовира овој начин на транспорт во контекст на климатските промени. Вибе за време на своето патување беше финансиран од страна на донатори. Вибе помина низ териториите на 33 земји вклучувајќи ги […]

Неповторлива насмевка и талент


Јавноста е во шок и неверување откако доцна во саботната вечер се прошири информацијата дека актерката Билјана Беличанец-Алексиќ (45) е пронајдена мртва во својот дом во скопска Кисела Вода. Според официјалните информации на полицијата, во саботата околу 22:30 часот, во полициската станица во Центар, нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски, пријавил дека ја пронашол без знаци […]

РЕК Битола распиша тендер за набавка на нови електростатски филтри од 20 милиони евра


РЕК Битола распиша тендер за набавка на нови електростатски филтри од 20,4 милиони евра, а за набавката компанијата ќе инвестира сопствени средства. „На 29 март распишан е тендер за набавка и инсталација на нови електростатски филтри во РЕК Битола. Инвестицијата се проценува на 20,4 милиони евра, пари кои компанијата ги обезбедува од сопствени извори. Ме […]

Владика Петар: Официјалното признавање на МПЦ е само преку Цариградската патријаршија


Во очекување сме на одговор од вселенската Патријаршија и од Вселенскиот Патријарх на писмото што го испрати МПЦ и тоа ќе биде, најверојатно, кога ќе се создадат можностите приликите за да започнат официјални преговори. Официјалното признавање на МПЦ е само преку Цариградската патријаршија, изјави владиката Петар денеска во Прилеп, кој чиноначалствуваше со богослужбата во прилепската […]

(Видео) Ферибот урна мост во Бразил


Гувернерот на бразилската сојузна држава Пара, Хелдер Барбаљо, изјави дека ферибот удрил во столб поради што се урнале околу 200 метри мост преку кој поминува автопатот. Во времето на несреќата на мостот имало два автомобила кои паднале во реката. Сè уште нема информации информации за жртви. Primeiros registros que temos sobre a queda da terceira […]

Хаос на „Пластичарска“, граѓаните не му даваат на „пајакот“ да работи


Популарната „Пластичарска улица“ на Бит-пазар во Скопје и денеска беше преполна со купувачи, продавачи и минувачи, поради што беше исклучително тешко за движење, особено за паркирање. Возачите ги оставаа своите автомобили каде што ќе забележеа празен простор, поради што пристигна и „пајак“ службата за да го расчисти хаосот. Но, тоа не им се допадна на […]

Вулин: Голема Албанија доаѓа, прашање е дали ќе ја запреме сега или во централна Србија


Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вели дека се залага за што е можно поскоро разграничување со косовските Албанци. Тој ова го изјави во интервјуто за „Новости“ посочувајќи дека ова е негов личен став за начинот на решавање на косовското прашање, а не став на Александар Вучиќ, владата или собранието. „Неспорно е злосторството што е […]

Бранови исфрлиле кокаин на плажа во Романија


Романската полиција пронашла десетици пакети со кокаин со вкупна тежина од околу 100 килограми кои брановите ги исфрлиле на брегот на Црното Море, а надлежните претпоставуваат дека дрогата е дел од товарот кој беше откриен на брод што пред десетина дена се преврте во делтата на Дунав. Според полициски извори, пакетите ги пронашле граѓани на […]