Холанѓанец со електричен автомобил мина 95.000 километри и потроши само 270 евра


Холанѓанецот Вибе Валкер ја заврши својата 3-годишна авантура во Сиднеј, Австралија, откако помина 95.000 километри со електричен автомобил.

Целта на ентузијастот беше да го промовира овој начин на транспорт во контекст на климатските промени. Вибе за време на своето патување беше финансиран од страна на донатори.

Вибе помина низ териториите на 33 земји вклучувајќи ги Турција, Иран, Индија, Мјанмар, Малезија и Индонезија, со модификуван „фолксваген голф“, наречен „Син бандит“.

Ентузијастот тврди дека растојанието што го минал е најдолго време поминато со електричен автомобил. Со едно полнење, „Синиот бандит“ на Вибе минувал 200 км.

Тој тврди дека за време на своето патување потрошил околу 270 евра за електрична енергија за полнење на своето возило. Ако го поминал истото растојание, но со нормално гориво, би му требале 6.785 литри бензин, што би го чинело околу седум илјади евра