Вулин: Голема Албанија доаѓа, прашање е дали ќе ја запреме сега или во централна Србија


Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вели дека се залага за што е можно поскоро разграничување со косовските Албанци. Тој ова го изјави во интервјуто за „Новости“ посочувајќи дека ова е негов личен став за начинот на решавање на косовското прашање, а не став на Александар Вучиќ, владата или собранието.

„Неспорно е злосторството што е извршено спрема нашата земја и луѓето, но сега до нас е дали ќе имаме храброст и сила да се обединиме и да се обидеме да го решиме српското национално прашање“, рече Вулин.

Тој предупредува дека „голема Албанија доаѓа“ и прашањето е, како што вели, дали сега ќе ја запреме или ќе чекаме да дојде до централна Србија.

„Голема Албанија веќе се формираше, само прашање е колку делови од други земји ќе се вклучат во неа. Со влегувањето на Македонија во НАТО, сите Албанци, со исклучок на две општини во централна Србија, ќе живеат во единствен безбедносен и политички простор во рамките на НАТО. А со животите на сите Албанци се раководи од Тирана“, рече тој.

Говорејќи за разграничувањето, Вулин вели дека во случај на такво решение, тоа ќе треба да се потврди на референдум.

„Некои големи сили би го поддржале ова, некои не, а од нас зависи дали ќе учествуваме во оваа игра“, вели Вулин.