(ВИДЕО) Заев: Му понудив на Мицковски заедничка влада, но не сакаше


Премиерот Зоран Заев вели дека му понудил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедничка влада со цел да го истуркаат процесот за Преспанскиот договор, како и преговорите со ЕУ, ратификацијата со НАТО. Заев, ова го кажа интервју за битолската телевизија Тера. Тој вели дека Мицкоски сепак лаже оти му биле понудени пет министерства во владата. […]

Османи: Напредокот во евроатлантските структури создава бизнис клима за инвестиции


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во рамки на работната посета на Португалија оствари средба со министерот за инвестиции и економски развој на Полска, Јежи Квиецињски, каде беа отворени темите за билатералната и економската соработка помеѓу двете земји, како и за поддршката од страна на Полска за европските интеграции на Република Северна Македонија. – Пред […]

Скратена работна недела за поголема продуктивност на работниците


Во последно време сè повеќе се размислува за скратување на работната недела, бидејќи се смета дека тоа позитивно влијае врз продуктивноста на работниците и им овозможува да постигнат баланс меѓу работниот и приватниот живот. Во Велика Британија веќе има случаи во кои помали компании ја скратуваат работната недела на четири работни дена, сметајќи дека со […]

Еден загинат и четворица повредени во престрелка кај Копенхаген


Еден човек загина, а четворица се повредени во престрелка што синоќа се случила северно од Копенхаген, соопшти данската полиција. Полицијата претпоставува дека инцидентот бил резултат на конфликт меѓу две локални банди. Локалните властите сè уште го бараат осомничениот или осомничените. Според полицијата, меѓу повредените нема случајни минувачи.

Македонски традиционални јадења на „Kitchen tv“


„Kitchen tv“ утре ќе почне да ја прикажува првата сезона од емисијата „Сончева гозба“ со нашиот готвач Дејан Карапеев. Во „Етно студио“, опремено по традиционален македонски терк, Карапеев на гледачите ќе им презентира традиционални јадења, ќе им покаже како се подготвуваат, но ќе зборува и за локалните намирници и нивната употреба. Селско месо, турлитава, јагула […]

Меј: Избираме меѓу излез со договор и откажување


Британската премиерка Тереза Меј изјави дека сега постои јасен избор меѓу излез на Британија од Европската унија со договор и опција во која воопшто нема да дојде до Брегзит, јави весникот „Обзервер“. – Со оглед на тоа што Парламентот покажа дека ќе запре излез на Британија без договор, сега имаме јасен избор: да ја напуштиме […]

Пендаровски: Македонците и во Австралија и во Канада зборуваат македонски


Речиси е сигурно дека ќе има втор круг претседателски избори бидејќи праговите поставени за евентуална победа во првиот се нереално поставени, вели во интервју за МИА, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Доколку ја добие довербата од граѓаните, нема намера да бара повеќе надлежности за институцијата претседател, но жестоко ќе се спротивстави, нагласува, на евентуални обиди да […]

Гатузо: Изгубивме од Јуве поради наши грешки


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, смета дека неговиот тим загубил со 1:2 при посетата на Јувентус поради свои грешки, а не поради супериорноста на „Старата дама“. – Ова беше нашиот најдобар натпревар за 2019 година. Изгубивме во последните 18-20 минути, не поради тоа што Јуве се справи добро, туку поради нашите грешки. Овие работи може […]

Ројс се извини за дебаклот во Минхен


Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, се извини за дебаклот, кој фудбалерите на тимот го претрпеа во Минхен против Баерн во натпревар од Бундеслигата. Борусија, којa вчера загуби со 5:0 на „Алијанц Арена“, веќе заостанува поен од Баерн Минхен во пласманот во Германија. – Во име на тимот, би сакал да им се извинам на […]

МВР потврди: Беличанец се обесила


Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје. МВР соопшти дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на […]

Кампања


ЛЕЈЛА САБИТ Дискретна, нападна, културна, валкана, сериозна, несериозна, скапа, евтина, со порака, за сеир, за патриоти, за идиоти, за зависници од брендови, за пријатели, за инает на непријатели… Модна, политичка, претседателска, еколошка, за здравје, повеќе за озборување отколку за подигање на свеста. Некогаш со цел, некогаш без крај, ви ги разубавува или ви ги загорчува […]

Билјана Беличанец пронајдена мртва во нејзиниот стан


Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa, Билјана Беличанец Алексиќ,  е пронајдена мртва, потврдија од Министерството за внатрешни работи.Неофицијално најдена е обесена во бања во станот во центар на Скопје.Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40.Имаше 45 години. Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017. Кариерата ја градеше […]

„Жолтите елеци“ во Франција повторно демонстрираа


Демонстранти од движењето „Жолти елеци“ денеска повторно се собраа на улиците во француските градови, 21.викенд по ред. Париската полиција воведе повеќе мобилна и проактивна стратегија за борба против евентуално насилство. Улицата „Шанзелизе“ е забранета како место за собир на демонстранти, откако минатиот месец таму имаше немири. Движењето „Жолти елеци“ кое бара социјална и економска правда, […]

Амал Клуни именувана за специјална британска пратеничка за слобода на медиумите


Адвокатката за човекови права Амал Клуни е именувана за специјална пратеничка на британската Влада за прашања поврзани со слободата на медиумите, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи. – Клуни и министерот за надворешни работи Џереми Хант ќе работат на спротивставување на драконските закони кои ги спречуваат новинарите да ја вршат својата работа, се наведува […]

Протести пред ХЕЦ „Шпилје“ поради честите прекини на струја


Граѓани и бизнисмени од Дебар денеска протестираа во близина на хидроцентралата „Шпилје“ кај Дебар, барајќи надлежните да престанат со честите исклучувања на струја. Тие нагласија дека честите прекини на струја им прават големи штети, бидејки градот останува без електрична енергија и по 16 часа. Бизнисмените нагласија дека поради повеќечасовните прекини, штетите во бизнис секторот се […]

Г-7 ќе изврши притисок за да не ескалираат воените конфликти во Либија


Министрите за надворешни работи на државите членки на Групата 7 (Г-7) се согласија да извршат притисок врз оние што се одговорни за „насилната борба за власт“ во Либија, особено на командантот Калиф Хафтар, со цел да избегнат ескалација на воените конфликти, изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас. – Се согласивме дека мора да ги […]

Во Иран нова евакуација поради опасност од натамошни поплави


Иранските власти наредија евакуација на илјадници жители од шест градови во југозападниот дел на земјата поради опасност од натамошни поплави, во кои досега загинаа 70 луѓе, објави новинската агенција Ирна.  Поради обилните врнежи во последните неколку дена во покраината Кузестан, локалните власти стравуваат од излевање на реката Каркхех. Иако на повеќе места е поставена заштита […]

Кинески студенти во САД го оштетиле „Епл“ за 900.000 долари


Двајца кинески студенти во американската држава Орегон со измама ја оштетиле компанијата „Епл“ за околу 900.000 долари. Американските власти ја откриле измамата по речиси две години. Кинеските студенти од 2017 година нарачувале лажни примероци на телефони „Ајфон“ од Кина кои потоа, онлајн или лично, во продавниците на „Епл“ во САД ги пријавувале како расипани. Најчесто […]

За Словенија, Хрватска е сѐ уште далеку од Шенген зоната


Словенечкиот премиер Марјан Шарец изјави денеска дека Хрватска се уште е далеку од членство во шенгенскиот простор, не исклучувајќи ја можноста неговата Влада да го поврзе прашањето за словенечка поддршка на Хрватска со нерешениот арбитражен спор околу Пиранскиот залив. – Што се однесува до Шенгенот, Хрватска е уште далеку од исполнување на критериумите за членство […]

Не се избира претседател на МАНУ, туку на државата


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Убаво беше да се види како една предизборна политичка дебата во земјава завршува со прегратки меѓу кандидатите. За разлика од досегашната практика, кога по низа отровни вербални стрели дуелите завршуваа со куртоазни ракувања меѓу соговорниците, првата дебата меѓу тројцата кандидати за претседател на државата заврши со прегратки, откако Силјановска-Давкова, Пендаровски и Река, […]