(ВИДЕО) Заев: Му понудив на Мицковски заедничка влада, но не сакаше

Премиерот Зоран Заев вели дека му понудил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедничка влада со цел да го истуркаат процесот за Преспанскиот договор, како и преговорите со ЕУ, ратификацијата со НАТО.

Заев, ова го кажа интервју за битолската телевизија Тера. Тој вели дека Мицкоски сепак лаже оти му биле понудени пет министерства во владата.

– Јас сум кажал јавно. Му понудив заедничка влада. Таму на преговорите, ние не бевме сами, таму беше Али Ахмети, беше Билал Касами од БЕСА кога разговаравме. Реков дека сум спремен да седнеме заедно и да го поддржиме Договорот и да го истуркаме процесот и постапката, фондови, преговори со ЕУ, ратификацијата со НАТО, комплетно заедно. Не, не сакаше – рече Заев.