„Жолтите елеци“ во Франција повторно демонстрираа

Демонстранти од движењето „Жолти елеци“ денеска повторно се собраа на улиците во француските градови, 21.викенд по ред.

Париската полиција воведе повеќе мобилна и проактивна стратегија за борба против евентуално насилство.

Улицата „Шанзелизе“ е забранета како место за собир на демонстранти, откако минатиот месец таму имаше немири.

Движењето „Жолти елеци“ кое бара социјална и економска правда, привлекува помалку луѓе од претходно, но се уште останува предизвик за претседателот Емануел Макрон.