Опера и балет: Не е точно дека оркестарот го саботирал Раме Лахај


Од МОБ категорично ги демантираат пишувањата во весникот „Коха Диторе“ во врска со концертот на тенорот Раме Лахај, кој синоќа се одржа во МОБ. Категорично ги демантираме дезинформациите дека оркестарот на МОБ саботирал или одбил да настапува, нагласуваат од МОБ. – Уште посилно се спротивставуваме на дезинформациите дека причините за одлуката која ја донесе независниот […]

Армијата ги осуди обидите за нејзино инволвирање во дневно политички цели


Генералштабот на Армијата најостро ги осудува сите обиди за нејзино инволвирање во дневно политички цели и интереси. Армијата е институција која континуирано е со највисок рејтинг во општеството и препознаена од сите граѓани во нашата држава. Ова се вели во денешната реакција од ГШ на Армија по, како што стои, зачестеното објавување написи во некои […]

Ефикасноста и транспаретноста при јавните набавки главни слабости кај полошките општини


При трошењето јавни средства голем дел од општините во Тетовско и Гостиварско не успеваат да реализираат ни половина од планираните јавни набавки, немаат јасен систем за следење на спроведувањето и претежно не ги објавуваат на интернет страницата. Ова се сублимираните наоди од истражувањето на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје спроведено во […]

Пронајден фосил од кит со четири нозе стар 43 милиони години


Во Перу е пронајден фосил од кит со четири нозе кој е стар дури 43 милиони години, јавија светските агенции. Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги околу четири метри, биле прилагодени за живот и во вода и на копно. Со четири екстремитети и способност да ја носи својата тежина и силна опашка, полуводниот кит […]

Еквадор: Асанж го поткопува нашето достоинство со лажни вести


Еквадор ги отфрли тврдењата на Викиликс дека планира да го исфрли основачот на организацијата Џулијан Асанж од својата амбасада во Лондон, нарекувајќи ги „лажни вести“ кои имаат за цел поткопување на достоинството на земјата. Во соопштение објавено синоќа, Министерството за надворешни работи на Еквадор демантираше дека има договор со Велика Британија за апсњење на Асанж. […]

Сообраќаен режим во Скопје поради снимање на филм со специјални ефекти


Сообраќајот по бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, утре од 10 до 17 часот ќе се пренасочува по околните сообраќајници поради снимање филм од страна на Скопје филм студио, најави денеска Министерството за внатрешни работи. За време на снимање на филмот ќе се користат и специјални ефекти. Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки […]

Пендаровски претстави осум проекти кои ќе ги почне во првите осум месеци од функцијата


Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска претстави осум проекти кои ќе почне да ги реализира во првите осум месеци од преземањето на претседателската функција, а кои, како што нагласи, ги отсликуваат неговите клучни заложби и столбови на програмата. Првиот ќе биде да организира форум за натпартиски политички дијалог. – По долги години конфликти и поделби на […]

Трамп: Го проверив ѕидот на границата со Мексико, одличен е!


Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека новиот ѕид на јужната граница на САД со Мексико е одличен. „Само што го проверив новиот граничен ѕид – одличен е! Сега заминувам за Лос Анџелес“, напиша Трамп на Твитер. Тој објави снимка од дискусија со американските граничари за безбедноста, на кои им се заблагодари што САД „ги чуваат […]

Затворен стационарот „Вардариште“


Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрекоа мерка за затворање на стационарот „Вардариште” поради појава на заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењето констатирани со извршената контрола на 19 март годинава, соопшти денеска АХВ. Во сила е и изречена забрана за заловување на бездомни кучиња […]

Интервју со Катица Јанева: Пак ќе конкурирам за челната позиција на СЈО


Пред неколку години, за новинарите и за јавноста името Катица Јанева беше непознато. Од непозната јавна обвинителка, која водела предмети во судот во Гевгелија, Јанева се фати во костец со најмоќните луѓе од поранешната власт. Засега тие не се во затвор, а Јанева и институцијата што ја води се на тест дали ја остварија целта […]

Трамп: Не можеме веќе да ве примаме, земјата е полна


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се „полни“, дека миграцискиот систем е „претоварен“ и оти илегалната имиграција мора да се запре. – Навистина постои вонредна ситуација. Ова е колосален налет и е премногу за нашиот миграциски систем, тоа не можеме да дозволиме да се случи. Не можеме веќе да ве примаме. Нашата земја е […]

Шекеринска: Ја следиме состојбата со мигрантите на јужната граница


Ја следиме состојбата со мигрантите на јужната граница, подготвени сме да се соочиме и со зголемување на притисокот, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Како резултат на лажни вести, посочи, еден дел од бегалците кои биле стационирани во Грција мислеле дека балканската рута е отворена и заради тоа тргнале и кон нашата […]

Меџити: Не ни треба претседател кој ни прави проблеми


Раководството на Централниот изборен штаб на Демократската унија за интеграција (ДУИ) при синоќешната посета на локалниот штаб во Општина Желино укажа на важноста од изборот на консензуален претседател во насока на продолжување на започнатиот пат кон полноправно членство во НАТО и почнување преговори за членство во ЕУ, соопшти денеска ДУИ. – Да имаше теоретски можности, […]

Заев не го дава Џафери


Премиерот Зоран Заев, како лидер на најбројната коалиција во законодавниот дом, не планира да иницира или да одобри смена на актуелниот прв парламентарец Талат Џафери. Со тоа станува извесно дека сегашниот претседател на парламентот ќе продолжи да ја извршува функцијата и по претседателските избори кои, пак, во случај да не завршат со одѕив повисок од […]

Силјановска-Давкова: Новото име е правен факт, ако бидам претседател ќе потпишувам


Поголема проактивност во вршењето на функцијата, доколку биде избрана за претседател на државата, најавува кандидатката Гордана Силјановска-Давкова, која ја има поддршката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за МИА. Ако биде претседател при употребата на ветото за одреден закон, таа својата постапка ќе ја образложува пред пратениците, со цел, како што вели, да се зајакне демократијата, […]

Мицкоски: Заев ми даваше 5 министерства, само да го прифатам Договорот


Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Битола кажа деак премиерот Зоран Заев му нудел влез во владата само да го прифати Договорот од Преспа. – После пет часа ми рече, ајде еве ти влези во владата и бирај кои сакаш пет министерства само прифати го договорот, изјави Мицкоски Тој рече дека му одговорил дека има […]

Козби постигна договор со жените кои го тужеа за клевета


Американскиот комичар Бил Козби постигна судска спогодба со седум жени кои против него поднесоа тужба за клевета, откако тој ги обвини дека лажат дека сексуално ги злоставувал. Двете страни постигнале спогодба пред федералниот суд во Спрингфилд, во американската држави Масачусетс. Козби (81) од минатата есен е во затвор каде отслужува казна од три до 10 […]

Се најавува нов раст на минималната плата, бизнисот резервиран


Владата останува на идејата годинава уште еднаш да ја покачи минималната плата, откако веќе беше зголемена на 12 илјади денари пред година и половина. Детали за тоа колку би изнесувал порастот сè уште нема. Тоа треба да се знае по анализите и консултациите на министерствата за труд и за финансии со работодавачите и со текстилниот […]

Од јули поевтин роаминг во регионот, од 2021 се укинува


Цените на услугите во роаминг помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ од јули годинава ќе се намалат за 27 отсто, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати. Договорот што ресорните министри го потпишаа на Вториот дигитален самит за Западен Балкан е предуслов за почнување на постапката за укинување на […]

Филхармонијата ќе објавува носачи на звук


Од првиот концерт во новиот објект во октомври 2017-та, Филхармонијата редовно прави звучни снимки од сите концертни настани. Со  новата зграда и опремата што ја има од пред една и пол година, проработи и аудиопродукција за која порано беше задолжена Македонската радио-телевизија. Од наредната година Филхармонијата планира да издава и цедиња од неколку концерти во […]