Трамп: Го проверив ѕидот на границата со Мексико, одличен е!


Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека новиот ѕид на јужната граница на САД со Мексико е одличен.

„Само што го проверив новиот граничен ѕид – одличен е! Сега заминувам за Лос Анџелес“, напиша Трамп на Твитер.

Тој објави снимка од дискусија со американските граничари за безбедноста, на кои им се заблагодари што САД „ги чуваат секој ден”.

Новинските агенции ја пренесоа изјавата на претседателот Трамп дека САД се “полни”, дека имиграциониот систем е „преоптоварен’ и дека илегалната имиграција мора да се запре.

“Навистина има вонредна ситуација. Ова е колосален налет и премногу е за нашиот имиграционен ситем, тоа не можеме да дозволиме да се случи. Не можеме веќе да ве примаме. Нашата земја е полна“, рекол Трамп во текот на обиколката на јужната граница на САД со Мексико.