Протести пред ХЕЦ „Шпилје“ поради честите прекини на струја


Граѓани и бизнисмени од Дебар денеска протестираа во близина на хидроцентралата „Шпилје“ кај Дебар, барајќи надлежните да престанат со честите исклучувања на струја. Тие нагласија дека честите прекини на струја им прават големи штети, бидејки градот останува без електрична енергија и по 16 часа. Бизнисмените нагласија дека поради повеќечасовните прекини, штетите во бизнис секторот се огромни.

Граѓаните и бизнисмените кои протестираа со автомобили го блокираа патот од браната кон централата „Шпилје“ и нагласија дека ако продолжат ваквите прекини ќе преземат дополнителни мерки: помасовни протести и тужби за претрпени штети.

Протестот се смири по доаѓањето на директорот на подружницата АД ЕЛЕМ „Црн Дрим“ Сашо Коркут. Тој им објасни на граѓаните дека прекинот на електричлната енергија е поради зафати за сервисирање на регулациска склопка од регулациониот 110/35 киловолтен трансформатор кој се наоѓа во хидроелектраната „Шпилје“, постапка која почнала минатата недела и за која е потребно подолго време поради настанат дефект на дел од опремата.

– Сервисирањето го врши овластениот сервисер „Кончар ИНГ” од Хрватска. Во најкус рок беше обезбеден резервен дел и беше заменет. При техничкиот зафат имаше и хаварија. Зафатот е неоходен“, рече Коркут, замолувајќи ги граѓаните за трпеливост и соработка со институциите заради лична и сигурност на нивниот имот. 

По објаснувањето, граѓаните мирно се разотидоа.