(ВИДЕО) Севернокорејската телевизија ги изненади своите гледачи, но само на еден ден


Државната телевизија на Северна Кореја ги изненади сите кога емитуваше вести во кои за првпат користи млада водителка, 3Д графички содржини, „тајм-лапс“ видео и анкетирање луѓе на улиците.

Ова беше огромно изненадување за сите со оглед на тоа дека КЦТВ, без оглед на напредокот во светот, е позната по тоа што нема никакви модерни технолошки содржини, а во студиото веќе со децении е едниот ист водител кој само чита вести, додека зад него е слика од природа или сина боја. Исто така, новинарите никогаш не излегувале на улиците и не ги снимале граѓаните, доколку тоа однапред не е договорено.

Модернизацијата траеше само еден ден, а КЦТВ се врати на старото. Мартин Вилијамс, експертот за технологија во Северна Кореја, изјави, анализирајќи ги причините за сето тоа, дека КЦТВ официјално нема никаква конкуренција бидејќи луѓето немаат кабловска или сателитска телевизија и поголемиот дел имаат само еден канал, но дека неофицијално имаат голема конкуренција.

„Голем број информации доаѓаат преку море, а на УСБ или СД картички се носат американски и кинески филмови. КЦТВ сфати дека мора да внесе иновации и да биде поинтересна ако сака да го задржи вниманието на народот на Северна Кореја“, изјави тој, пренесува Би-Би-Си.

Приметено е и дека на КЦТВ станале поажурни во известувањето. Додека претходно за објавување на некои вести им требало и по два дена, сега тоа го објавуваат истиот ден кога настанот се случува. Еден од примерите е патувањето на Ким Џонг Ун во Виетнам за да се сретне со Доналд Трамп.

„Тоа беше потполно неочекувано за оваа телевизија и претпоставува дека причината е тоа што се повеќе луѓе слушаат странски радио станици, па Северна Кореја мора да излезе од своите граници и да има свои ставови за случувањата пред тие да дојдат до граѓаните преку други канали“, смета Вилијамс.

За време на самитот Ким-Трамп обични луѓе беа во фокусот наместо досегашната пракза која беше во фокусот на идеологијата. Така, КЦТВ известуваше за жените во козметичките фабрики, студентите кои прикажуваат нови мобилни телефони и персонал во пица ресторани.