(Видео) Ферибот урна мост во Бразил


Гувернерот на бразилската сојузна држава Пара, Хелдер Барбаљо, изјави дека ферибот удрил во столб поради што се урнале околу 200 метри мост преку кој поминува автопатот.

Во времето на несреќата на мостот имало два автомобила кои паднале во реката. Сè уште нема информации информации за жртви.

Локалните власти објавија дека поправањето на мостот ќе трае една година и ќе чини најмалку 25 милиони долари.

Мостот е на пат кон Белем, едно од најфреквентните бразилски пристаништа, а е долг 860 метри.

Остатоците од урнатиот дел од мостот се отстрануваат, а за локалното населението се организира превоз додека не се поправи мостот.

Како што пишуваат локалните медиуми, инспекторите оваа година откриле корозија на столбовите, поради што владата побара итни мерки за поправки, но не беше издадена наредба да се затвори мостот.