Хаос на „Пластичарска“, граѓаните не му даваат на „пајакот“ да работи


Популарната „Пластичарска улица“ на Бит-пазар во Скопје и денеска беше преполна со купувачи, продавачи и минувачи, поради што беше исклучително тешко за движење, особено за паркирање. Возачите ги оставаа своите автомобили каде што ќе забележеа празен простор, поради што пристигна и „пајак“ службата за да го расчисти хаосот. Но, тоа не им се допадна на нервозните граѓани, кои не дозволуваа да се соберат непрописно паркираните возила. Ситуацијата беше тензична.

Фото: Независен весник