Едно лице повредено во сообраќајка кај Дреновска клисура

Сообраќајка помеѓу товарно возило и минибус кај Дреновска клисура, повреден е  возачот на товарното возило, кое излетало од патот. Тој бил префрлен во кавадаречката болница.

Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Сообраќајот се одвива наизменично по една лента. Увидот на лице место е во тек.