Принцот Вилијам сега е шпион?


Кенсингтонската палата објави дека британскиот принц Вилијам поминал три недели работејќи заедно со припадниците на тајните служби на Велика Британија за да го разбере начинот на функционирање на безбедносните и разузнавачките безбедности и разузнавачи служби на таа земја, пренесе АП.
Се наведува дека принцот ја следел работата на разузнавачката служба за странство MI6, работел со безбедносната служба која го покрива домашниот терен MI5, а бил и во GCHQ, владината тајна служба која се занимава со прислушување.
Принцот вчера имал и завршен ден на обука во GCHQ. Самиот принц Вилијам во соопштението наведе дека ова за него било искуство кои го направило „понизен“ затоа што работел со „луѓе кои доаѓаат од секојдневното окружување“, но кои не смеат да им кажат на семејствата и на пријателите за тајната работа која ја извршуваат, поради што се изложени на стрес.