Ѝ ветиле дека ќе ја вработат во некоја од државните институции – скопјанка измамена за над 150.000 денари
Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 04.05.2026 до 06.05.2026 таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица за 152.000 денари.
Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, таа преку социјална мрежа и телефонски стапила во контакт со едно женско лице и едно машко лице, кои биле и дома кај неа и ветиле дека ќе ја вработат во некоја од државните институции, за што во неколку наврати оштетените им дале пари.
Но, бидејќи 47-годишната жена не добила вработување, случајот го пријавила во полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.