Жанел Монае се телепортира во старата ера на Холивуд со „Ралф Лорен“


САД- Кога поп-ѕвездата Жанел Монае се појави на сцената во виртуелната модна приказна на Ралф Лорен за колекцијата за пролет 2021 година , нејзиниот музички перформанс зазеде посебно место во нејзиното срце.

“Верувале или не, ова е прв пат да настапам со полн бенд, од Оскарите во 2020 година. Можете ли да верувате?” вели Монае .

Настанот од 25 март, кој виртуелно ги претставува колекциите Ралф Лорен за жени и мажиза актуелната сезона, е сместен на Беверли Хилс и започнува со 35-годишната Мона, изведувајќи музички сет, вклучувајќи ја и нејзината интерпретација на „ All or Nothing at All”  на Френк Синатра.

“Ја обожавам тегет-белата колекција. Се чувствував како да се телепортирав во старата ера на Холивуд, облечена во смокинг на Ралф Лорен”, вели таа. „Мислам дека со оваа колекција, дури и со начинот на кој е снимен во црно-бело како филмскиот ноар, се чувствував многу кинематично, како да снимам филм, раскажува поп-пејачката.

Мона е во долгогодишна врска со модната етикета, која трае од нејзиниот прв албум, The ArchAndroid, во 2010 година. „Токму кога беше објавен мојот прв албум и можеби неколку месеци пред тоа, од Ралф Лорен ме замолија да настапам на нивната ревија на Модната недела во Њујорк. Се сеќавате на луѓето кои, кога не бевте толку познати како сега, беа таму на почетокот на кариерата “, вели ѕвездата.

Таа додава: “Мислам дека тие беа првиот моден бренд што ми подарија костум. Немав многу пари кога првпат влегов во индустријата да купам костуми скроени и што одговараат на моето тело. Јас не имам стилист и јас тоа го правев сама. Тоа што имам поддршка од тимот на Ралф Лорен секогаш ми значи најмногу и во овој момент ние сме семејство “.

Значи, продолжувањето на соработката со „безвременската“ етикета за за модни настапи , особено по една година поминато дома во карантин, е мошне сентиментално за Мона.

“Тоа ме возбуди е што ми се се отвори светот. Си реков:” Добро, јас сум кул со тоа што сум дома “. Но, ќе ви кажам, тоа што бев дел од ова шоу ме натера да сакам да организирам забави и да бидам на забави. Затоа, се надевам дека сите ќе го направат своето и ќе можеме да го победиме овој вирус “, рече пејачката и актерка.

Во текот на целата измината година, фокусирањето на нејзиното ментално здравје и грижа за себе и помогна на Мона да се снајде во предизвиците на пандемијата на коронавирусот.

„За да останам креативна, си дозволувам време наутро да вежбам, да пишувам дневник, да работам музичка продукција и да го завршам краткиот филм што се обидувам да го напишам “ изјави Монае за „Пипл“.