Заразени околу 13.000 вработени во училиштата во Италија


 

Во Италија до сега на Ковид-19 се тестирани околу 50 отсто од вработените во училиштата, што се околу 500.000 наставници и ненаставен кадар.

Од нив 2.6 отсто биле позитивни на Ковид-19, односно околу 13.000 луѓе.

Овие податоци се на канцеларијата на специјалниот комесар за вонредни ситуации ДОменија Аркурија.

Најмногу тестови се направени во ломбардија, каде се тестирани 70 отсто од вработените во училиштата, додека на последно место е Сардинија со пет отсто. Извешајот не го опфаќа регионот Лацио, кој тестирањето го прави независно, пренесе Анса.

Се очекува до 24 септември тестирани да бидат до 70 отсто од сите вработини во училиштата.

Како што е соопштено, на 14 септември, кога треба да почне школската година, во поголем дел од Италија, да се доставуваат околу 11 милиони заштитни маски дневно на учениците на кои ќе им требаат за влез во училиште.

Бројот новозаболени во Италија и понатаму расте,а според последните податоци регистрирани се 1.597 нови случаи со Ковид-19.