Косово од денеска целосно го укинува динарот, граѓаните добија време за приспособување


Косовските власти потврдија дека од денеска ќе почне да се применува регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува плаќања во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, со преоден период за граѓаните да се приспособат на регулативата. Според претходното соопштение на ЦБК, единствена дозволена валута на Косово ќе биде еврото, кое го исклучува …

Косово од денеска целосно го укинува динарот, граѓаните добија време за приспособување Read More »

Бислими: Од утре еврото е официјална валута во Косово


Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими изјави дека утре ќе почне примената на регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) за готовинските плаќања, но дека нема да има казнени мерки, туку ќе има информирање на граѓаните за мерките. – Еврото беше и ќе биде единствената официјална валута, посочи Бислими, изразувајќи ја својата поддршка за регулирањето на ЦБК. …

Бислими: Од утре еврото е официјална валута во Косово Read More »

Вјоса Османи: На граѓаните да им се даде одреден рок пред целосното спроведување на одлуката за укинување на динарот


Косовската претседателка Вјоса Османи денеска порача дека треба да им се даде одреден рок на граѓаните за да може без проблеми да се спроведе новата Регулатива на Централната банка на Косово која предвидува исфрлање на српскиот динар од употреба во Косово. Од 1 февруари во Косово стапува во сила новата Регулатива на Централната банка за …

Вјоса Османи: На граѓаните да им се даде одреден рок пред целосното спроведување на одлуката за укинување на динарот Read More »

(Видео) Во Косово експлодира бомба


Во Северна Митровица две лица се повредени синоќа откако експлодирала рачна бомба. Експлозијата се случила нешто пред полноќ на улицата „Кнез Милош“, во непосредна близина на мотелот „Бишевац“, јавува Косово онлајн. Како што потврди заменик-полицискиот командир, повредени се две лица, а оштетени се и неколку автомобили. „Околу 23:50 часот се случи експлозија во Северна Митровица. …

(Видео) Во Косово експлодира бомба Read More »

Шпански министер: Прифаќањето на косовските пасоши не значи признавање на Косово


Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, повтори дека прифаќањето на пасошите на Косово не значи признавање на независноиста, посочувајќи дека таквото тврдење е „подметнато“ од опозициската Шпанска народна партија (ПП). Во интервју за Перодико де Еспања, Хозе Мануел Албарес рече дека Шпанија не може да се преправа дека „Косово …

Шпански министер: Прифаќањето на косовските пасоши не значи признавање на Косово Read More »

За четири години Косово го напуштиле 156.000 жители


Косовското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека за четири години, од 2018 до 2022 година, повеќе од 150.000 луѓе го напуштиле Косово. „За периодот од 2018 до 2022 година, се проценува дека Косово го напуштиле 156.080 жители или речиси 8,85 отсто од населението на земјата“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесе Бета. Во …

За четири години Косово го напуштиле 156.000 жители Read More »

Косово престана да ги покрива српските симболи на регистрациите


Владата на Косово одлучи да престане да ги покрива државните симболи на Србија со налепници на српските регистарски таблички, само пет дена откако стапи во сила одлуката на српската влада за ознаките на табличките на Република Косово. Косовската влада ја донесе својата одлука вчера, соопштија од кабинетот на Курти, а таа беше образложена како „чин …

Косово престана да ги покрива српските симболи на регистрациите Read More »

Косово отвори воздушен коридор со Албанија


Косовскиот министер за инфраструктура Либурн Алиу денеска соопшти дека Косово отвори воздушен коридор со Албанија, што, како што рече, ќе придонесе летовите до западните земји да се скратат за речиси 15 минути.  „Од 1 јануари патниците ќе заштедат уште повеќе време, покрај тоа што ќе патуваат без виза“, рече Алиу. Од 1999 година, летовите до …

Косово отвори воздушен коридор со Албанија Read More »

Косовската влада го продолжи рокот за промена на српските со косовски регистарски таблички


Владата на Косово го продолжи рокот за замена на нелегалните регистарски таблички со косовски, односно за замена на регистарските таблички издадени од Србија за возилата во северно Косово, со таблички со знакот RKS (Република Косово), јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти владината служба за информирање, рокот кој истече вчера е продолжен за …

Косовската влада го продолжи рокот за промена на српските со косовски регистарски таблички Read More »

Во Косово запленети 85.000 евра во монети од по две евра, уапсени шест лица, тројца од Македонија


Специјалното обвинителство на Косово соопшти денеска дека уапсило шест лица, од кои тројца државјани на Северна Македонија и тројца од Косово, осомничени за фалсификување пари, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои …

Во Косово запленети 85.000 евра во монети од по две евра, уапсени шест лица, тројца од Македонија Read More »

Пописот на населението во Косово одложен за април 2024 година


 Владата на Косово одлучи денеска да го одложи за во април 2024 година пописот на населението, домаќинствата и становите, што требаше да започне на 1 ноември годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Премиерот Албин Курти на денешната владина седница ги информира членовите на својот кабинет дека пописот пшовторно се одлага поради доцнења со подготовките …

Пописот на населението во Косово одложен за април 2024 година Read More »

Експлозија на бомба на пазар во Призрен: Девет лица се повредени


Во експлозија на рачна бомба утрово, нешто пред 5 часот, на сточниот пазар во Призрен, повредени се девет лица, кои се пренесени во болницата на Универзитетскиот клинички центар на Косово (ККУК). Шефот на итната служба во Призрен за весникот Коха потврдил дека четворицата повредени се пуштени дома. „ Примени се девет повредени. По дијагностика, четворица …

Експлозија на бомба на пазар во Призрен: Девет лица се повредени Read More »

Макрон не стравува дека во Косово повторно ќе избувнат судири


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Лозана изјави дека тензијата на Косово сега е малку намалена и оти не се плаши дека таму повторно ќе избувнат конфликти. Во разговор со студентите на Универзитетот во Лозана заедно со швајцарскиот претседател Ален Берсе, Макрон, говорејќи за тензиите во Косово, рекол дека „тие денеска малку паднале“, пренесе весникот …

Макрон не стравува дека во Косово повторно ќе избувнат судири Read More »

„Итно исполнување на обврските“: Одговор на Стејт департментот за средбата Вучиќ и Курти


– Соединетите Американски Држави ги повикаа Косово и Србија итно и сериозно да се заложат за исполнување на обврските кои произлегуваат од дијалогот што го водат, се наведува во реакцијата на Стејт департментот, јави дописникот на МИА од Белград. -Ги поздравуваме средбите што се одржаа за да се унапреди процесот на нормализација, се наведува во …

„Итно исполнување на обврските“: Одговор на Стејт департментот за средбата Вучиќ и Курти Read More »

Лидерите на Франција, Германија и Италија ја повикаа Србија неофицијално да го признае Косово


Лидерите на Франција, Германија и Италија синоќа ја повикаа Србија „де факто“ да го признае Косово, кое прогласи независност во 2008 година, но што Белград сè уште го смета за своја покраина. Во изјавата објавена еден ден по разговорите со двете страни, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Џорџија Мелони …

Лидерите на Франција, Германија и Италија ја повикаа Србија неофицијално да го признае Косово Read More »

Косовската полиција заплени марихуана вредна 400.000 евра близу границата со Србија


Косовската полиција во вторникот вечерта заплени 182 килограми марихуана во вредност од околу 400.000 евра, на истокот на земјата, во граничната област меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. При проверка на автомобил со косовски регистарски таблички е пронајдена марихуаната за која постои сомневање дека се превезувала од Србија во Косово. Во …

Косовската полиција заплени марихуана вредна 400.000 евра близу границата со Србија Read More »

Косовскиот министер Свечља вели дека нови групи за напади се обучувале во Србија


Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља вели дека косовските служби поседуваат разузнавачки информации за тоа дека во Србија се обучуваат други групи за можни нови напади врз Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју на КТВ, еден месец по нападот во Бањска, на северот на Косово, Свечља рече дека …

Косовскиот министер Свечља вели дека нови групи за напади се обучувале во Србија Read More »

Зголемен бројот на македонски војници во НАТО операцијата КФОР во Косово


 Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово. Со одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата …

Зголемен бројот на македонски војници во НАТО операцијата КФОР во Косово Read More »

По речиси еден месец, утрово отворен граничниот премин меѓу Косово и Србија кај Јариње


Граничниот премин меѓу Косово и Србија во Јариње е целосно отворен за сообраќај утрово, речиси еден месец откако беше затворен, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека овој граничен премин е целосно отворен за влез и излез од Косово претпладнево во 08:30 часот. …

По речиси еден месец, утрово отворен граничниот премин меѓу Косово и Србија кај Јариње Read More »

Полициски рации на три локации во северно Косово во врска со случајот Бањска


Косовската полиција изврши денеска рации на три различни локации на северот на Косово, кои се поврзани со случајот Бањска, односно со вооружениот напад врз косовската полиција на 24 септември во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, кој …

Полициски рации на три локации во северно Косово во врска со случајот Бањска Read More »