Експлозија на бомба на пазар во Призрен: Девет лица се повредени


Во експлозија на рачна бомба утрово, нешто пред 5 часот, на сточниот пазар во Призрен, повредени се девет лица, кои се пренесени во болницата на Универзитетскиот клинички центар на Косово (ККУК).

Шефот на итната служба во Призрен за весникот Коха потврдил дека четворицата повредени се пуштени дома.

„ Примени се девет повредени. По дијагностика, четворица се пуштени, а пет се испратени во ККУК, бидејќи имаат повреди кои не можат да се лекуваат во нашата болница“, изјави началникот на Итна служба во Призрен.

Шефот на итната служба во Призрен за весникот Коха потврдил дека четворицата повредени се пуштени дома.

„Полицијата излезе на местото на експлозијата и собра докази и изјави и сослуша очевидци. Меѓу повредените има и со посериозни повреди. Типот на бомбата не е познат, можно е да се работи за шок бомба“, потврдија од таму.