(Видео) Во Косово експлодира бомба


Во Северна Митровица две лица се повредени синоќа откако експлодирала рачна бомба.

Експлозијата се случила нешто пред полноќ на улицата „Кнез Милош“, во непосредна близина на мотелот „Бишевац“, јавува Косово онлајн. Како што потврди заменик-полицискиот командир, повредени се две лица, а оштетени се и неколку автомобили.

„Околу 23:50 часот се случи експлозија во Северна Митровица. Две лица се повредени. Ќе видиме зошто дошло до експлозијата, истрагата е во тек“, изјави Ветон Ељшани.

„Еден маж е полесно повреден, а друг со повеќе повреди е пренесен во КБЦ Косовска Митровица. Полицијата е пред болницата. Неговата состојба се следи, нема индикации за извршување итна хируршка интервенција“, изјави за Косово онлајн дежурниот лекар Бојан Вучиниќ.