Изгласан договорот со Грција


Со 81 глас „за“, македонското Собрание ги усвои амандманите на четири члена од Уставот и со тоа го прифати договорот за името со Грција. Откако парламентот во Атина ќе го ратификува процесот, нашето ново име ќе биде Република Северна Македонија, а ќе има и други интервенции во уставот. За возврат, Македонија уште годинава ќе добие …

Изгласан договорот со Грција Read More »

„Независните“ бараат Северна само за нaдвор, Заев рече не


Не е усовен амандманот на „независните“ пратеници, кои бараа називот Северна Република Македонија да се употребува само за надворешна употреба. Премиерот Зоран Заев кусо рече оти тоа не е прифатливо. Македонија и Грција склучија договор со кој новото име Република Северна Македонија важи и за домашна и за надворешна употреба. Се очекува мнозинството да ги …

„Независните“ бараат Северна само за нaдвор, Заев рече не Read More »

СДСМ: Готово е, имаме мнозинство


Од владеачката СДСМ тврдат дека се надминати недоразбирањата со Беса. Нивните барања, во моментов, нема да бидат прифатени, но подоцна ќе бидат опфатени со законски решенија. Со тоа, власта го обезбедува потребното мнозинство од 80 пратеника за прифаќање на уставните измени. „За“ ќе гласа и Панчо Минов, а неизвесно е дали ќе им е се …

СДСМ: Готово е, имаме мнозинство Read More »

Заев има мнозинство и без Беса


Преговорите меѓу премиерот Зоран Заев и крилото на Беса предводено од Билал Касами ни вчера не донесоа напредок, но владеачкото мнозинство ги има потребните 80 гласа и без двата пратеника на албанската опозициска партија. Ова се последните информации што вчера попладне кружеа по собраниските ходници додека се чекаше почетокот на седницата за последната фаза од …

Заев има мнозинство и без Беса Read More »

Беса: Не попуштаме, не гласаме ако Заев не ги прифати барањата


Преговорите меѓу премиерот Зоран Заев и Беса на Билал Касами и денеска тапкаат во место. Извори од владеачкото мнозинство во парламентот брифираат дека лидерот на СДСМ му кажал на Касами дека нема да ги прифати неговите барања, оставајќи им на двајцата пратеници на Беса сами да одлучат дали ќе гласаат „за“ уставните измени. Соработниците на …

Беса: Не попуштаме, не гласаме ако Заев не ги прифати барањата Read More »

Македонија утре ќе го гласа новото име


Иако на седницата за финализирање на уставните измени не се очекуваат изненадувања, а на улиците протестираат мал број противници, атмосферата во земјава, барем за момент, излезе од вообичаената апатија. Уште од претпладневните часови улиците во центарот на Скопје беа блокирани. Многубројни полициски сили со борни возила се стационираа околу зградата на Собранието, а во парламентот …

Македонија утре ќе го гласа новото име Read More »

ВМРО повторно ќе исклучува ако некој гласа „за“


ВМРО-ДПМНЕ останува на својот став и нема да учествува во работата на Собранието каде што денеска започнува последната фаза од уставните измени за ратификација на договорот за името со Грција. Партијата очекува нејзините пратеници овој пат да бидат единствени и да не гласаат за преспанската спогодба, но, за секој случај, уште сега најавуваат дека доколку …

ВМРО повторно ќе исклучува ако некој гласа „за“ Read More »

Време за политичко отрезнување


Александра М. Митевска По не баш пријатната политичка завршница на 2018 година, новогодишните празнувања веројатно за многумина поминаа над очекувањата. И го поправија донекаде горчливиот вкус од отстапките што беа направени во име на повисоката цел што треба да продолжи да се остварува веднаш по божикните празници. Не само што владата, со инстант-одлука, ја врати …

Време за политичко отрезнување Read More »

Заев: Треба да се осигураат уште четири гласа за уставните измени


Премиерот Зоран Заев не е сѐ уште сигурен дека ќе има двотретинско мнозинство за донесување на уставните амандмани. Моментно се сигурни 76 пратеници, но не и 80 гласа колку што се неопходни на финишот на процесот за промена на Уставот. извори. Заев вечерва во емисијата „Отворено“ на 24 Вести изјави дека, врз основа на сите …

Заев: Треба да се осигураат уште четири гласа за уставните измени Read More »

По 20.000 денари за експертите што дебатираа за уставот


Експертите кои подготвија стручен труд што го презентираа на јавните дебати организирани за нацрт-амандманите на Уставот ќе добијат хонорар во висина од 20 илјади денари. За нив, како што денеска беше соопштено на прес-конференција од страна на владините портпароли, се обезбедени средства. – Владата обезбеди хонорар за експертите кои подготвија стручен труд во рамки на јавните …

По 20.000 денари за експертите што дебатираа за уставот Read More »

Осумдесетката во парламентот може само да се зголеми


Предлог-законот за селективна амнестија, кој вчера беше донесен во Собранието, по сè изгледа ја зацементира двотретинската поддршка за уставните измени потребни за ратификација на договорот за името со Грција. Независната пратеничка група, која произлезе по исклучувањето од матичната ВМРО-ДПМНЕ, директно учествуваше во подготовката на текстот со кој е исполнето барањето за помирување, а со кое …

Осумдесетката во парламентот може само да се зголеми Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски не беше на протест, фотографијата е монтажа


Барем до Нова година ќе траат протестите пред Собранието на Македонија, каде што се одвиваат новите етапи од уставните промени. Граѓаните што секојдневно се собираат пред законодавниот дом, бараат пратениците да се одважат и да не прифатат промена на уставното име и прифаќање на договорот со Грција. Најупорните спијат во шаторите и најавуваат оти ќе …

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски не беше на протест, фотографијата е монтажа Read More »

Независните пратеници сега се воздржани


Осумтемина пратеници кои беа исклучени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат воздржано за нацрт-амандманите на Уставот за што расправата почна денеска во Собранието. Ова го соопшти пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, потсетувајќи го премиерот дека процесот на уставни измени е врзан со процесот на помирување и простување. Тоа значи ретерирање во ставот на новата …

Независните пратеници сега се воздржани Read More »

Во Собранието почнува втората фаза од уставните измени


Во Собранието на Република Македонија денеска продолжува дебатата за уставните амандмани. Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена. Во оваа втора фаза за усвојување на амандманите е потребен 61 глас. Сепак, очекувањата според, претседателот на Собранието се дека седницата ќе заврши многу побргу. Седницата е …

Во Собранието почнува втората фаза од уставните измени Read More »

Уставните измени сега зависат од амнестијата


Понатамошната поддршка за уставните измени, според првичните сигнали што доаѓаат од законодавниот дом, сега повеќе зависи од тоа дали ќе има своевидна амнестија, пред сè за настаните од 27 април, отколку од тоа каква ќе биде реакцијата на опозицијата во однос на притворите што им беа одредени на поранешни функционери во извршната власт по бегството …

Уставните измени сега зависат од амнестијата Read More »

Петровски: Мукоски е патриот, ама е уценет и исплашен


Крсте Мукоски го знам дваесетина години, тој е патриот, ама се гледа дека е уценет и исплашен. Тоа што гласаше за уставните измени, сигурно не е по негова желба, вели Филип Петровски, кој беше дел од тимот на „Македонија блокира“, кој вчеравечер го посети домот на пратеникот Мукоски во Вевчани. Тие му врачија писмо во …

Петровски: Мукоски е патриот, ама е уценет и исплашен Read More »

Како Рамковниот влезе во Уставот?


Владата ги одби предлозите на двете опозициски партии од албанскиот блок – Беса и Алијансата за Албанците за дополнителни амандмани на Уставот со етнички предзнак и без директна поврзаност со преспанскиот договор, со образложение дека не треба да се отвора Пандорината кутија. Затоа, пак, во преамбулата на Уставот влегува Рамковниот договор, како еден од конститутивните …

Како Рамковниот влезе во Уставот? Read More »

Заев: Мислев дека и Панчо Минов ќе гласа „за“


Мислев дека и пратеникот Панчо Минов ќе гласа за уставните измени, но му го почитувам ставот и одлуката, изјави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека покрај Минов, разговарано било и со други пратеници од опозицијата со цел да се зголеми парламентарното мнозинство што го поддржува договорот со Грција. Со независната осумка (пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и …

Заев: Мислев дека и Панчо Минов ќе гласа „за“ Read More »

СЈО ќе се реформира в година


Втората тура закони за реформа на правосудството ќе влезат во собраниска процедура до крајот на оваа година, најавуваат од Министерството за правда. Станува збор за нови измени на законите за судови и за Судски совет, како и во Законот за Јавно обвинителство, каде што клучната интервенција се однесува на Специјалното јавно обвинителство, односно на негово …

СЈО ќе се реформира в година Read More »

ВМРО-ДПМНЕ десеткувана во парламентот


Почнаа со 51 пратеник, за сега да се сведат на 39, со тенденција за понатамошно раситнување… Осумтемина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кои во петокот кажаа „да“ за пристапување кон уставни измени, според засега непотврдени информации може да формираат посебна пратеничка група која, практично, би била четврта по бројност во законодавниот дом, по пратеничките групи …

ВМРО-ДПМНЕ десеткувана во парламентот Read More »