СДСМ: Готово е, имаме мнозинство


Од владеачката СДСМ тврдат дека се надминати недоразбирањата со Беса. Нивните барања, во моментов, нема да бидат прифатени, но подоцна ќе бидат опфатени со законски решенија. Со тоа, власта го обезбедува потребното мнозинство од 80 пратеника за прифаќање на уставните измени. „За“ ќе гласа и Панчо Минов, а неизвесно е дали ќе им е се придружи уште некој пратеник од опозицијата.