Реал против Сити со трет најлош посед на домашен терен во ЛШ


Реал Мадрид против Манчестер сити одигра еден од најлошите натпревари според по поседот на топката. „Кралевите“ ја имаа топката кај себе 38 проценти од времето на овој натпревар. Ова е трет најлош рекорд на Реал Мадрид на домашен натпревар од Лигата на шампионите. И претходните два случаи се на натпревари против тимовите предводени од тренерот …

Реал против Сити со трет најлош посед на домашен терен во ЛШ Read More »

Многу пресврти и фантастични голови во ЛШ: Без победник во Мадрид и во Лондон


Без победник завршија вечерва првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампиони, откако Арсенал и Баерн одиграа 2-2 во Лондон, а Реал и Манчестер сити ремизираа 3-3 во Мадрид. Стрелци за Арсенал беа Букајо Сака во 12 и Леандро Тросар во 76 минута. Головите за Баерн ги постигнаа Серж Гнабри во 18. минута и Хари Кејн …

Многу пресврти и фантастични голови во ЛШ: Без победник во Мадрид и во Лондон Read More »

Реал вечерва го затвора покривот на „Сантијаго Бернабеу“ за дуелот против Манчестер сити


Покривот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ вечерва ќе биде затворен за натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, во четвртфиналето на Лигата на шампионите, објави добро информираниот шпански новинар Хозе Феликс Дијаз. Според истиот извор, УЕФА го одобрила барањето на Реал дуелот против актуелниот европски првак да се игра под затворен покрив, нова опција на стадионот …

Реал вечерва го затвора покривот на „Сантијаго Бернабеу“ за дуелот против Манчестер сити Read More »

Две топки завршија во мрежата: Погледнете го апсурдниот гол на вториот тим на Реал


Бизарен гол беше виден на натпреварот од третата шпанска лига меѓу Атлетико Балеарес и Кастиља, инаку вториот тим на Реал, кој исто така оствари минимална победа со резултат 1:0. Имено, дури две топки влегоа во голот на Балеарес во истиот напад и во истиот момент во 72. минута од натпреварот. Играчот од средниот ред на …

Две топки завршија во мрежата: Погледнете го апсурдниот гол на вториот тим на Реал Read More »

Сезоната предвреме заврши за Куртоа


Голманот на белгиската репрезентација и на мадридски Реал, Тибо Куртоа, тешко се повреди на денешниот тренинг, соопшти Кралскиот клуб. Куртоа требаше наскоро да се врати на теренот откако во август ги скина вкрстените лигаменти на левото колено, но за него сезоната е завршена откако денеска го повреди менискусот на десното колено. Белгискиот голман беше опериран …

Сезоната предвреме заврши за Куртоа Read More »

(Видео) Реал гневен за „безобразен грабеж“: Судијата им поништи гол и му покажа црвен картон на Белингам


Валенсија и Реал Мадрид одиграа 2:2 во рамките на шпанската Ла Лига, а по натпреварот насловите на шпанските медиуми беа преполни за неверојатниот потег на судијата Хесус Гил Манзано, кој ги разбесни мадриѓаните. Во судиското надополнување кое првично требаше да трае седум минути, но беше продолжено поради повреда на домашен играч, Реал дури постигна гол …

(Видео) Реал гневен за „безобразен грабеж“: Судијата им поништи гол и му покажа црвен картон на Белингам Read More »

Марка: Мбапе и Реал потпишаа петгодишен договор


Килијан Мбапе потпиша 5-годишен договор со Реал Мадрид, објави „Marca“. На крајот од сезоната напаѓачот ќе го напушти Пари Сен-Жермен како слободен играч и од 1 јули ќе стане играч на мадридскиот клуб. Според шпанскиот спортски весник, Мбапе склучил договор со Реал пред две недели. Французинот ќе биде најплатен фудбалер во Мадрид, со плата од …

Марка: Мбапе и Реал потпишаа петгодишен договор Read More »

Реал сака да купи 18-годишен дефанзивец


 Еден од главните проблеми на Реал Мадрид сезонава е дефанзивата, а причините се бројните повреди. „Кралскиот клуб“ прво остана без Едер Милитао, а потоа се повреди и Антонио Рудигер, а со поситни повреди се мачи и Дави Алаба. Па затоа раководството на шпанскиот фудбалски великан во летниот преоден рок е решено да инвестира во последната …

Реал сака да купи 18-годишен дефанзивец Read More »

Реал од 0:2 дојде до 3:2 во 99. минута!


Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем пресврт против Алмерија и славеа триумф од 3:2 (0:2) во натпреварот од 21. коло на шпанската Ла Лига. Почетокот на натпреварот беше интересен, бидејќи српскиот напаѓач Марко Миловановиќ играше за тимот кој од стартот беше последнопласиран во поредокот. Уште во првата минута „Бернабеу“ беше во шок бидејќи Ларги Рамазани …

Реал од 0:2 дојде до 3:2 во 99. минута! Read More »

Барселона го одигра Ел Класико во дресови со логото на Ролинг Стоунс, натпреварот го следеше и Мик Џегер Мик


Мик Џегер и неговиот колега од Ролинг Стоунс, Рони Вуд беа присутни на Олимпискиот стадион во Барселона, познат и како Монжуик, каде Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2:1 во големото дерби.   Фудбалерите на Барселона, на дербито, наместо вообичаениот спонзорски дрес носеа специјални дресови со логото на Ролинг Стоунс „жешките усни“, но не е …

Барселона го одигра Ел Класико во дресови со логото на Ролинг Стоунс, натпреварот го следеше и Мик Џегер Мик Read More »

Анчелоти: Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ова лето сигурно нема да потпише договор со Реал Мадрид. Французинот сака да потпише нов договор со Парижаните. – Не, јас го исклучувам тоа 100 проценти. Мислам дека нашиот тим е формиран, а играчите размислуваат за тековната сезона, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти за „Ројтерс“. Италијанецот додаде дека Реал …

Анчелоти: Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок Read More »

Реал поразен во Мајорка, се подалеку од одбрана на титулата


  Реал Мадрид е поразен со 1:0 на гостувањето кај Мајорка во натпреварот од 20. коло на шпанскиот шампионат. Натпреварот го реши со автогол Начо Фернандез во 13. минута. Реал сега заостанува пет бода зад лидерот Барселона која има и еден натпревар помалку. Реал мечот го започна без повредените Карим Бензема и Едер Милитао, потоа …

Реал поразен во Мајорка, се подалеку од одбрана на титулата Read More »

Роналдо почна да тренира во базата на Реал


    Кристијано Роналдо е забележан во базата на Реал Мадрид, пренесува „Relevo“. Фудбалерот доби дозвола од мадридскиот клуб да ја одржува формата во тренинг комплексот Валдебебас. Роналдо тренираше одвоено од играчите на Реал Мадрид, кои тренираа под водство на Карло Анчелоти. Изворот забележува дека Роналдо немал контакт со играчите на „Кралскиот клуб“, барем тоа …

Роналдо почна да тренира во базата на Реал Read More »

Реал единствен шпански тим во плејофот од Лигата на шампионите


  Само една шпанска екипа се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Учество во осминафиналето избори Реал Мадрид кој по 5 кола е лидер во групата Ф. Мадриѓаните со 10 бода се пред Лајпциг кој заостанува еден бод.  Барселона, Севиља и Атлетико не успеаја да се квалификуваат во плејофот на турнирот. Каталонците и …

Реал единствен шпански тим во плејофот од Лигата на шампионите Read More »

Реал сака да организира меч Федерер – Надал на обновениот Бернабеу во 2023 година


Реал Мадрид сака да организира натпревар помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“. Според „As“, мадридскиот клуб планира да организира ревијален натпревар кога ќе завршат работите на стадионот во летото 2023 година. Монтажната трева ќе му овозможи на Реал Мадрид да постави каква било подлога потребна за настани од секаков вид. …

Реал сака да организира меч Федерер – Надал на обновениот Бернабеу во 2023 година Read More »

Ливерпул му понудил на Реал 100 милиони евра за Валверде


Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, можеше да ја продолжи кариерата во Англија. Според шпанскиот спортски весник „Ас“ Ливерпул претендирал за потписот на 24-годишниот Уругваец. Се известува дека англискиот клуб во последните денови од летниот преоден рок понудил 100 милиони евра за играчот од средниот ред. Валверде минатата сезона забележа 46 настапи во …

Ливерпул му понудил на Реал 100 милиони евра за Валверде Read More »

Анчелоти: Добро е што Реал не го сметаат за фаворит во Лигата на шампионите


Тренерот на Реал, Карло Анчелоти,  не е изненаден дека мадридскиот клуб не важи за фаворит во Лигата на шампионите оваа сезона. Според 63-годишниот Италијанец, ова е добар знак. – Не сум изненаден што Реал Мадрид повторно не се смета за фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Ова го гледам како добар знак. Минатата сезона …

Анчелоти: Добро е што Реал не го сметаат за фаворит во Лигата на шампионите Read More »

Од Реал заминува најтрофејниот играч


Реал денес потврди дека дефанзивецот Марсело го напушта клубот од Мадрид. Актуелниот договор меѓу Реал Мадрид и 34-годишниот фудбалер истече. „Кралскиот клуб“ за утре закажа церемонија за збогување со играчот. Свеченоста ќе се одржи на тренинг-центарот на Реал, Сиудад. Се очекува претседателот на клубот Флорентино Перез да одржи говор по повод заминувањето на Марсело. Триесет …

Од Реал заминува најтрофејниот играч Read More »

Реал по 14. пат европски фудбалски шампион


Реал Мадрид вечерва во Париз го победи Ливерпул со 1:0 и ја освои Лигата на шампионите. Стрелец на единствениот гол беше Винисиус Жуниор во 59. минута. Во 45. минута главниот судија на средбата Клемент Турпин со помош на ВАР го поништи голот на Карим Бензема поради офсајд. Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по …

Реал по 14. пат европски фудбалски шампион Read More »

Гвардиола: Бевме блиску, но не успеавме


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, жали за пропуштената шанса неговиот тим да обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите до кое го делеа неколку минути. Сити синоќа загуби на госувањето кај Реал со 3:1 по дополнителни 30 минути, откако основните 90 завршија со 2:1. – Бевме блиску, но на крајот не се пласиравме …

Гвардиола: Бевме блиску, но не успеавме Read More »