(Видео) Реал гневен за „безобразен грабеж“: Судијата им поништи гол и му покажа црвен картон на Белингам

На Џуд Белингем му беше поништен гол и заработи црвен картон по натпреварот на Реал со Валенсија.


Валенсија и Реал Мадрид одиграа 2:2 во рамките на шпанската Ла Лига, а по натпреварот насловите на шпанските медиуми беа преполни за неверојатниот потег на судијата Хесус Гил Манзано, кој ги разбесни мадриѓаните.

Во судиското надополнување кое првично требаше да трае седум минути, но беше продолжено поради повреда на домашен играч, Реал дури постигна гол за голем пресврт, но на теренот настана целосна лудило кога гостите што направи судијата Гил Манзано.

Имено, во моментот кога Брахим Дијаз ја уфрли топката во шеснаесетникот за Џуд Белингем, кој ја смести топката во мрежата за пресврт, судијата означи крај на натпреварот, па голот не беше валиден!

Веднаш го опколија судијата и побараа објаснување, а во целиот хаос Белингем го направи најлошото, заработи црвен картон и најверојатно суспензија од два натпревари поради тоа што неколкупати повтори:

„Тоа е е… гол. Топката беше во воздух“.

Зборовите на Белингем не му претставуваа толку проблем на судијата Гил Манзано колку неговиот агресивен однос, пишува шпански АС, поради што му го покажа црвениот картон.

Поради се, Реал го обвини судијата за кражба:

„Необично, безобразно, срамно, вистински грабеж“, порачаа од мадридскиот клуб во жестокото обраќање по натпреварот на клупската телевизија.

Погленете ја лудата завршница на натпреварот и поништениот гол:

 

Еве зошто судијата му покажа црвен картон на Белингем:

 

Анчелоти лут на судијата: Ова сè уште не сум го доживеал

 

По синоќешното дерби во Ла Лига на „Местаља“ меѓу Валенсија и Реал Мадрид кое заврши нерешено 2-2, тренерот на Кралскиот клуб Карло Анчелоти го критикуваше главниот судија на натпреварот Хезус Хил Манзано.

На конференцијата за новинари по натпреварот Анчелоти ја нарече судиската одлука „преседан“.

„Нема тука многу што да се каже. Ова е преседан. Ова сè уште никогаш не ми се случило во кариерата. Да отсвирите крај на натпреварот во тој момент беше грешка“, рече Анчелоти.