Сезоната предвреме заврши за Куртоа


Голманот на белгиската репрезентација и на мадридски Реал, Тибо Куртоа, тешко се повреди на денешниот тренинг, соопшти Кралскиот клуб.

Куртоа требаше наскоро да се врати на теренот откако во август ги скина вкрстените лигаменти на левото колено, но за него сезоната е завршена откако денеска го повреди менискусот на десното колено.

Белгискиот голман беше опериран по повредата на лигаментите, а сега повторно ќе мора да му биде извршена хируршка интервенција.

Реал не соопшти временска рамка колку долго овој пат ќе отсуствува Куртоа, наведувајќи само дека „повредата ќе биде надгледувана“.