Реал единствен шпански тим во плејофот од Лигата на шампионите


 

Само една шпанска екипа се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Учество во осминафиналето избори Реал Мадрид кој по 5 кола е лидер во групата Ф. Мадриѓаните со 10 бода се пред Лајпциг кој заостанува еден бод. 

Барселона, Севиља и Атлетико не успеаја да се квалификуваат во плејофот на турнирот. Каталонците и Андалузијците си го загарантираа 3. место во групите и напролет ќе играат во Лига Европа.  

Судбината на Атлетико во актуелното европско натпреварување ќе биде одредена во последното коло од Лигата на шампионите. Тие имаат освоено пет бода и се на третото место во групата Б, а Баер е на последното место со четири бода.  

Во последното коло од групната фаза Атлетико ќе се соочи со Порто. Натпреварот ќе се одигра на 1 ноември.