Барселона го одигра Ел Класико во дресови со логото на Ролинг Стоунс, натпреварот го следеше и Мик Џегер Мик


Мик Џегер и неговиот колега од Ролинг Стоунс, Рони Вуд беа присутни на Олимпискиот стадион во Барселона, познат и како Монжуик, каде Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2:1 во големото дерби.
 
Фудбалерите на Барселона, на дербито, наместо вообичаениот спонзорски дрес носеа специјални дресови со логото на Ролинг Стоунс „жешките усни“, но не е првпат да се одлучат да направат нешто слично.
 
Имено, Барселона веќе извесно време е во спонзорска соработка со Spotify, а претходно на дресот на Барса за време на Ел Класико беше логото на Дрејк, а потоа и на шпанската пејачка Росалија.
 
Сето ова е дел од големиот проект за спас на клубот од финансиски сомнителни афери, кој вклучува спонзорски договор од дури 280 милиони евра со Spotify.
 
Сепак, оваа платформа не ја плати таа огромна сума пари само за обични бенефиции, туку една од главните идеи е да се спојат фудбалот и музиката за да се допре до нова публика ширум светот.
 
На овој начин дополнително ќе биде претставен новиот албум на Стоунси „Hackney Diamonds“, што е нивно враќање на сцената по 18 години пауза.
 
Да потсетиме, стадионот на Барселона „Камп Ноу“ го носи и името на музичката платформа Spotify, а играчите од почетокот на минатата сезона на градите го носат логото на оваа шведска компанија.