Советникот во МВР со кривична пријава и без пасош


Советникот во кабинетот на министерот за внатрешни работи доби кривична пријава и ќе се брани од слобода за „злоупотреба на службена положба и овластување“, но заради претпазливост привремено му е одземен пасошот и е обврзан да се јавува пред надлежен орган, одлучи судот. Советникот во МВР Д.С., кој беше приведен завчера во полициска станица, се …

Советникот во МВР со кривична пријава и без пасош Read More »

Мерки за претпазливост за осомничениот советник во МВР


Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и му определи мерки на претпазливост на Д.С., вработен во Министерството за внатрешни работи, кој се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување службено дејство. Како што соопшти Јавно обвинителство на Република Македонија, надлежен јавен обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските услови, …

Мерки за претпазливост за осомничениот советник во МВР Read More »

Детали за приведениот од МВР: Предупредил лице кое е под истражна постапка дека го следи агент


Советникот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој вчера беше уапсен, кажал на лицето за кое се водело истражна постапка дека се следат нејзините телефонски разговори, ја предупредил да биде внимателна и дека ќе ја следи прикриен агент, соопшти МВР. Како што соопштуваат од МВР пријавениот Д.С. во текот на февруари 2018, како државен …

Детали за приведениот од МВР: Предупредил лице кое е под истражна постапка дека го следи агент Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: МВР стана дувло за заштита на криминалот


Министерството за внатрешни работи наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана дувло кое служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Вината за нападите врз полициските службеници се префрла врз пајаците, а најблиските соработници на министерот Оливер Спасовски собираат поткуп по државата. Јавноста ја интересираат одговорите од кого и …

ВМРО-ДПМНЕ: МВР стана дувло за заштита на криминалот Read More »

Спасовски: Нула толеранција за секој кој работел незаконски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната пресконференција рече дека нема да се толерира никакво злоупотреба на законите. Тој ова го истакна во врска со случајот кадешто вработен во неговиот кабинет е приведен под сомнение за злоупотреба на службената положба. – Очекувам многу скоро во законска утврдена постапка сомнежот да биде потврден или отфрлен. …

Спасовски: Нула толеранција за секој кој работел незаконски Read More »

Поштар искасан од куче, супервизор на ТАВ скршил ребра


Поштар вчера бил искасан од куче додека разнесувал пратки, а супервизор на ТАВ скршил ребра симнувајќи се по елеватор на скопскиот аеродром. МВР соопшти дека поштарот Н.У.(41) од Скопје вчера пријавил дека околу 10, 30 часот на улица „1″ во село Трубарево бил каснат од куче во пределот на левата потколеница додека извршувал работни задачи …

Поштар искасан од куче, супервизор на ТАВ скршил ребра Read More »

Се трага по малолетничка од „11 Октомври“, три месеци ја нема во домот


Седумнаесетгодишно девојче исчезнало од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје. Случајот во полиција синоќа во 21,15 минути го пријавил вработен во Центарот за социјална работа од Скопје, кој бил нејзин старател по службена должност. Како што информира денеска МВР, било пријавено дека девојчето не се појавило во Домот 11-ти Октомври“ од 21 …

Се трага по малолетничка од „11 Октомври“, три месеци ја нема во домот Read More »

Се чека Обвинителство да каже дали уапсениот советник на Спасовски зел мито


Дали земање мито е причина за вчерашното приведување на висок функционер на Министерството за внатрешни работи, со иницијали Д.С., се очекува да се знае во текот на денешниот ден. Основното јавно обвинителство работи на случајот и детали се најавени за попладнево. Од Министерството за внатрешни работи засега не кажуваат новини за приведувањето на нивниот функционер …

Се чека Обвинителство да каже дали уапсениот советник на Спасовски зел мито Read More »

Промовирани 609 кандидати за полициски службеници


Во Центарот за обука во Идризово денеска беа промовирани 609 кандидати за полициски службеници кои успешно ја завршија едногодишната обука поделена во три образовни модули – сообраќај, јавен ред и мир и гранични работи. На промовирањето на новите кандидати за полициски службеници присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот заменик Агим Нухиу. Спасовски …

Промовирани 609 кандидати за полициски службеници Read More »

Спасовски: Се обработуваат снимките од инцидентот со полицајката


Снимките од камерите на Град Скопје од инцидентот со полициската службеничка кај трговскиот центар „Мавровка“ се обработуваат. Одговорно тврдам дека тоа што беше вчера соопштено е документирано и е предадено во јавното обвинителство. МВР стои на располагање да се расветли случајот до крај, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој ги повика сите кои …

Спасовски: Се обработуваат снимките од инцидентот со полицајката Read More »

МВР ги отфрла како невистинити инсинуациите за притисок врз полициската службеничка


Министерството за внатрешни работи, во соопштение до медиумите денеска категорично ги отфрла шпекулациите во дел од јавноста дека врз полициската службеничка Јасмина Јаначковска било извршено физичко насилство. – Исто така, категорично ги отфрламе како невистинити инсинуациите дека врз полициската службеничка е вршен било каков притисок од раководството на МВР во врска со овој настан. Министерството …

МВР ги отфрла како невистинити инсинуациите за притисок врз полициската службеничка Read More »

Момче среде бел ден прободено со нож во центарот на Скопје


Момче е прободено со остар предмет во пределот на стомакот од страна на две лица на автобуската постојка „Рекорд“ во центарот на Скопје, соопшти МВР. Инцидентот се случил попладнево околу 12:40 часот, а во нападот е прободен З.Т., роден 2001. Со возило на итна медицинска помош е префрлен во ГОБ Св.Наум Охридски. Полицијата работи на …

Момче среде бел ден прободено со нож во центарот на Скопје Read More »

Марјан Ристески осомничен за малверзации со масло за греење


Поранешниот градоначалник на Припел, Марјан Ристески заработи кривична пријава за набавка на масло за греење за 2015 и 2016 година за потребите за општината, за неколку пати повеќе од потребните количини. Ристески, според МВР, го оштетил Буџетот на општината за 41 илјада евра со набавка на над 66 илјади литри масло за двете години што …

Марјан Ристески осомничен за малверзации со масло за греење Read More »

На граница фатен Косовец баран од Интерпол


Едно лице од Косово, барано со потерница од Интерпол, вчера е лишено од слобода на граничнот премин Долно Блаце, а две лица од Албанија се приведени во Охрид и во Полициската станица за граничен премин Меџитлија поради немање документи и непријавување престој во Република Македонија, информира МВР. Косовецот Г.И. (29) бил предаден на полицијата во …

На граница фатен Косовец баран од Интерпол Read More »

Четворица се повредени во сообраќајки во Скопје


На подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие се регистрирани четири сообраќајни несреќи во кои со лесни телесни повреди се здобиле четири лица. Сообраќајната полиција открила и санкционирала возачи по разни основи. Петнаесет ја пречекориле дозволената брзина, а 18 се исклучени од сообраќај, од кои двајца поради возење под дејство на алкохол пред да се …

Четворица се повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

Скопјанец пронајден мртов во својот дом


Од МВР известуваат дека во Скопје вчера во 16 часот бил пронајден починат Ж.М. (67) во куќата во која живеел. Телото било пронајдено од страна на неговиот брат. Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

МВР: Малолетничката била силувана, насилно мажена и најдена во безсознание во Велес


Малолетното девојче од јавната установа за деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“ девет пати била пријавувана за исчезната во периодот од крајот на 2016 досега од страна на вработените во социјално-згрижувачките установи и исто толку пати постапувале соодветните полициски служби. Во неколку наврати полицијата поднесувала и кривични пријави против повеќе лица за полов напад …

МВР: Малолетничката била силувана, насилно мажена и најдена во безсознание во Велес Read More »

Жена претепана од сопругот пред нивниот син


Педесет и седумгодишен маж од село Бујковци, скопско, со тупаници ја претепал сопругата. Сведок на настанот бил нивниот син. Како што соопшти МВР, вчера во три часот по полноќ В.М. (48) пријавила дека во семејната куќа во Бујковци била физички и психички малтретирана од нејзиниот сопруг В.М. (57), кој што неколку пати ја удрил со …

Жена претепана од сопругот пред нивниот син Read More »

Момче од роднина со закани барал да му ја даде ќерката за жена


Деветнаесетгодишно момче му се заканувало на роднина дека ќе го убие доколку не му ја даде ќерката за жена. Од МВР соопштија дека во Полициското одделение Сарај Е.Б. (46) од с.Љубин-скопско, пријавил дека од страна на неговиот внук Е.Б. (19) му била загрозена сигурноста. Преку вибер, Е.Б. му испратил пораки со закана дека ќе го …

Момче од роднина со закани барал да му ја даде ќерката за жена Read More »

Во сообраќајни несреќи лани во Македонија загинале 155 лица


и Минатата година 155 луѓе го загубиле животот во сообраќајни незгоди по патиштата низ земјата. Од нив 150 лица загинале во 3.918 сообраќајки предизвикани од грешка на возачот. Во 101 несреќа, пак, пет лица го загубиле животот по грешка на пешак. Најмногу загинати во сообраќајки имало во јули минатата година, и тоа во саботите, во …

Во сообраќајни несреќи лани во Македонија загинале 155 лица Read More »