Поштар искасан од куче, супервизор на ТАВ скршил ребра


Поштар вчера бил искасан од куче додека разнесувал пратки, а супервизор на ТАВ скршил ребра симнувајќи се по елеватор на скопскиот аеродром. МВР соопшти дека поштарот Н.У.(41) од Скопје вчера пријавил дека околу 10, 30 часот на улица „1″ во село Трубарево бил каснат од куче во пределот на левата потколеница додека извршувал работни задачи како поштар вработен во АД „Македонски Пошти“.

Во МВР било пријавено и дека во 13,52 часот вчера на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ бил донесен повреден Ј.Н.(57) од Скопје, вработен како супервизор во одделение за прифаќање и испраќање на воздухоплови во ТАВ. Тој појаснил дека истиот ден, околу 13, 00 часот, додека ги вршел работните задачи, симнувајќи се од елеватор, се лизнал и паднал од висина од 1,5 метри. Притоа тој се здобил со тешки телесни повреди, односно напукнатини на ребра.