Кавга во Крива Паланка околу кравите, физички нападната 67-годишна жена
Општина Крива Паланка реагира на нападот врз 67-годишна жителка на село Дрење и бара итно постапување на надлежните за заштита на граѓаните.
-Според полициската информација, 67-годишна жена од село Дрење пријавила физички напад поради недоразбирање околу крави што правеле штети. Кај жената се констатирани тешки телесни повреди, а случајот се расчистува.
Според информациите со кои располагаме, пријавените лица се претходните сопственици на добитокот за кој со месеци бараме институционално постапување.
Загриженоста кај граѓаните е огромна. По сите досегашни пријави за напади и закани, јавноста заслужува одговор: зошто овие лица сè уште се на слобода и дали некој ги штити?
Бараме итно постапување од надлежните, утврдување одговорност и заштита на граѓаните. Што уште треба да се случи за луѓето да бидат безбедни?- прашуваат од општината.