Спасовски: Нула толеранција за секој кој работел незаконски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната пресконференција рече дека нема да се толерира никакво злоупотреба на законите.

Тој ова го истакна во врска со случајот кадешто вработен во неговиот кабинет е приведен под сомнение за злоупотреба на службената положба.

– Очекувам многу скоро во законска утврдена постапка сомнежот да биде потврден или отфрлен. Оддавање на службена тајна, загрозување и наштетување на кривична истрага е казнено дело. Граѓаните ни ја дадоа довербата да се бориме против криминалот и за било какви потврдени незаконски активноти ќе има нула толеранција. Тоа треба да биде јасно за секого. МВР нема да толерира загрозување на истраги и постапки. Ова е пораката за секој кој има намера да соработува или да учествува во криминал – рече Спасовски.

Toj информираше дека поднесена е кривична пријава против Д.С. вработен во неговиот кабинет.