Момче среде бел ден прободено со нож во центарот на Скопје


Момче е прободено со остар предмет во пределот на стомакот од страна на две лица на автобуската постојка „Рекорд“ во центарот на Скопје, соопшти МВР.

Инцидентот се случил попладнево околу 12:40 часот, а во нападот е прободен З.Т., роден 2001.

Со возило на итна медицинска помош е префрлен во ГОБ Св.Наум Охридски.

Полицијата работи на расчистување на случајот.