Заев го впери прстот кон ВМРО-ДПМНЕ: Партијата што донесе неправда сега да гласа за СЈО


Сите политички субјекти да ги поддржат решенијата со кои се заокружуваат реформите, за конечен пораз на „заробената држава“, за борбата против криминалот и корупцијата, за општество во кое никој нема да биде привилегиран и амнестиран, порачува премиерот Зоран Заев во обраќањето до јавноста по повод последните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство и Предлог-законот за …

Заев го впери прстот кон ВМРО-ДПМНЕ: Партијата што донесе неправда сега да гласа за СЈО Read More »

Додека трае пазарот за пописот и за СЈО: Заев и Мицкоски заминаа на одмор


Иако најавена за изминатиот викенд, се одложи средбата на работните групи на власта и на опозицијата за пописот. Нова средба не е предвидена за неделава, па членовите на преговарачките тимови заминаа на одмор. На одмор во Грција, односно Хрватска ќе одат  лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, кои …

Додека трае пазарот за пописот и за СЈО: Заев и Мицкоски заминаа на одмор Read More »

Мицкоски до Заев: Ајде на избори, па да видиме колку блескаш


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понуди два термини за предвремени парламентарни избори. Според него, тие би требало да се одржат на почетокот на април или кон крајот на мај другата година. „Предвремените избори се одлична можност Зоран Заев да провери дали навистина блеска или блеска само во друштво кога е со неколкумина негови обожаватели. Ние …

Мицкоски до Заев: Ајде на избори, па да видиме колку блескаш Read More »

Мицкоски: Со Груевски немам контакт откако Заев го пушти да си оди


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера се врати од дводневната посета на Будимпешта и Виена. Во главниот град на Унгарија имаше средба со тамошниот премиер, Виктор Орбан, додека во Австрија беше поради размена на искуства и информации поврзани со неговата професорска дејност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Веќе утре во петок, ќе присуствува на …

Мицкоски: Со Груевски немам контакт откако Заев го пушти да си оди Read More »

По Илинден, Мицкоски на одмор во Хрватска, Заев во Грција


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се враќа од дводневната посета на Будимпешта и во Виена. Во главниот град на Унгарија имаше средба со тамошниот премиер, Виктор Орбан, додека во Австрија беше поради размена на искуства и информации поврзани со неговата професорска дејност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Веќе во петок, ќе присуствува на …

По Илинден, Мицкоски на одмор во Хрватска, Заев во Грција Read More »

Заев: Минималецот може да биде повисок од 13.000 денари


Ќе растат платите, а минималецот може да скокне и над 13.000 денари. Премиерот Зоран Заев вели дека растот на платите најмногу се должи на недостигот на квалификувана работна сила. „Тоа значи дека газдите ќе споделат малку од профитот со работниците. Тоа е одржливо за сопствениците и за менаџментот на компаниите зашто ќе имаат доволно мотивирани …

Заев: Минималецот може да биде повисок од 13.000 денари Read More »

Заев: Економските политики даваат резултати, следува инвестициски циклус од пет милијарди евра


Зголемен БДП за над 40 отсто, позитивен раст на платите, намалена невработеност, вратена доверба кај инвеститорите, зголемени вложувања,…, се само некои од показателите содржани во најновата ревизија на Светската трговска организација (СТО) што покажува дека нашата економија е на добар пат, а владините политики даваат резултат, рече денеска премиерот Зоран Заев. Заев на прес-конференција во …

Заев: Економските политики даваат резултати, следува инвестициски циклус од пет милијарди евра Read More »

Заев: И јас скенирам фискални сметки


Премиерот Зоран Заев денеска рече дека и тој скенирал фискални сметки за поврат на средства за ДДВ. „Ја симнав апликацијата, ги советувам и пратениците и сите граѓани да го прават истото“, напомена премиерот од собраниската говорница. Досега, како што потврди, над 135.000 граѓани ја симнале апликацијата, а државата ќе треба да им врати над 700.000 …

Заев: И јас скенирам фискални сметки Read More »

Акциски план за борба со лажните вести 


Мислењата на сите чинители во општеството – граѓанскиот сектор, медиумите, вклучувајќи ги и стратешките партнери – НАТО и ЕУ, ќе бидат земени предвид при изработката на финалната верзија на Акцискиот план за справување со дезинформациите кој вчера беше претставен во Владата. Предлог акцискиот план е сублимат на препораките во борбата со дезинформациите по примерот на мерките …

Акциски план за борба со лажните вести  Read More »

Ќе оди ли Русковска курбан за законот?


Законот за обвинителство, кој во петокот го предложи премиерот Зоран Заев, денеска влегува во собраниска процедура. Власта ќе се обиде да стигне до двотретинско мнозинство за да ги протурка измените, со кои СЈО станува дел од новоформираното обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела територија на земјата и гаранции за …

Ќе оди ли Русковска курбан за законот? Read More »

Покрај Русковска, и „Талир“ се испречи пред Законот на Заев


Откако го прочитаа предлог-законот за Обвинителство што го објави премиерот Зоран Заев, во ВМРО-ДПМНЕ излегуваат со низа забелешки и најавуваат оти не постои шанса да го прифатат во оваа форма. Од партијата велат дека единствено со што се согласуваат е Специјалното јавно обвинителство да се инкорпорира во Основното јавно обвинителство. „Тоа е појдовна точка од …

Покрај Русковска, и „Талир“ се испречи пред Законот на Заев Read More »

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал


Претседателот Стево Пендаровски вели дека нема намера да го амнестира премиерот Зоран Заев доколку направил криминал. Тој тоа го кажа во контекст на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека понудата на шефот на државата за помирување значи единствено амнестија на претседателот на владата и на неговите најблиски соработници. „Јас и тогаш во тие разговори кои ги имавме …

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал Read More »

На Заев не му се седнува без Мицкоски: Откажана лидерската средба


Лидерската средба закажана за денеска (петок) во Клубот на пратениците е откажана, објавија повеќе медиуми во земјава повикувајќи се на извори во СДСМ. Претседателот на партијата, Зоран Заев ги информирал сопартијците на вечерашната седница на Централниот одбор дека нема логика да се седнува само со Али Ахмети и со Зијадин Села доколку го нема Христијан …

На Заев не му се седнува без Мицкоски: Откажана лидерската средба Read More »

Ахмети лут на Заев и на Мицкоски, пописот виси поради две точки


Само еден ден откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази згрозеност од случувањата поврзани со Специјалното јавно обвинителство и уште еднаш повтори оти ветингот за сите носители на јавни функции мора да биде задолжителен, членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа, кој важи за близок на ДУИ, го одложи гласањето за разрешување на претседателот на Врховниот …

Ахмети лут на Заев и на Мицкоски, пописот виси поради две точки Read More »

Лидерска ќе има, Заев повторно го повика Мицкоски да дојде


Лидерската средба закажана за утре најверојатно ќе се одржи во отсуство на лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција во Владата повторно го повика Мицкоски да дојде на средбата, истакнувајќи дека таа ќе се одржи без разлика на неговото учество и оти е негова одговорност дали ќе се …

Лидерска ќе има, Заев повторно го повика Мицкоски да дојде Read More »

Заев не се слушнал со Катица, а Мицкоски не одговара дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет“


Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција ги охрабри судиите да одлучуваат строго по закон и Устав бидејќи, како што рече, не должат никому ништо. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски побара притвор за Катица Јанева, а пратеникот Костадин Костадинов пак побара одговор од Мицковски дали имал средба со еден од осомничените во предметот „Рекет“ во кој …

Заев не се слушнал со Катица, а Мицкоски не одговара дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет“ Read More »

Ахмети и Села ќе одат на лидерската средба, се чека потврда од Мицкоски


Премиерот Зоран Заев ја официјализираше поканата за лидерска средба, која како што предложи би се одржала во петок во Клубот на пратениците. Засега присуство е најавено од ДУИ и Алијансата за Албанците, додека ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот дека доколку се одржува лидерска средба прва тема треба да бидат предвремени парламентарни избори, а потоа може да …

Ахмети и Села ќе одат на лидерската средба, се чека потврда од Мицкоски Read More »

Оставки и апсења за договор или за избори


Заглавените политички процеси во земјава вчера беа придвижени од драматични случувања што би можело да помогнат во одврзувањето на јазолот. Додека премиерот Зоран Заев држеше прес-конференција во Владата, на која на лидерска средба ги повика првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Алијансата за Албанците, специјалната обвинителка Катица Јанева ја соопшти својата оставка, а на …

Оставки и апсења за договор или за избори Read More »

Села прифаќа да се види со Заев: Премиерот призна колку сме силни


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ја прифати поканата на премиерот Зоран Заев за лидерска средба во петок во 14 часот во Клубот на пратениците. „Мило ни е што премиерот почна да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски среби треба почесто да се свикуваат кога станува …

Села прифаќа да се види со Заев: Премиерот призна колку сме силни Read More »

По понудата на Заев за средба: Мицкоски ќе дојде само ако се договорат предвремени избори


ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека лидерот Христијан Мицкоски ќе седне на заедничка маса со премиерот Зоран Заев само доколку се разговара за предвремени парламентарни избори. Претседателот на владата денеска ги повика Мицкоски, Ахмети и Села во петок во 14 часот во Клубот на пратеници за да се договорат за пописот, СЈО и Изборниот законик. „Ние …

По понудата на Заев за средба: Мицкоски ќе дојде само ако се договорат предвремени избори Read More »