Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал


Фото: Б.Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски вели дека нема намера да го амнестира премиерот Зоран Заев доколку направил криминал. Тој тоа го кажа во контекст на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека понудата на шефот на државата за помирување значи единствено амнестија на претседателот на владата и на неговите најблиски соработници.

„Јас и тогаш во тие разговори кои ги имавме во одредени неформални форуми, јас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот“, вели Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој посочува дека по стапувањето на функција, се видел со сите битни политички фигури во земјава, освен со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк: