Мицкоски до Заев: Дали уште сметаш дека Катица е добар човек со капацитет?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи по денешната нова снимка од случајот „Рекет“, во која, шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева му вели на Орце Камчев да не се грижи, односно дека сѐ ќе биде во ред.

„Што превземаат власта и институциите: Наместо веднаш одговорност, тие одлучија да се вадат и да ги лажат нашите партнери од меѓународната заедница за некаква одлучна борба против криминалот. Додека се приведуваат политички неистомисленици, со цел да се купи летниот период со некаков активизам, огромен број наши сограѓани денес си го поставуваат прашањето зошто сѐ уште Катица Јанева не е во притвор? Зошто ниту Фрики, ниту Кики не се повикани на распит? Зошто Заев ги штити криминалците во своите редови, па ќе се јави сомнеж или можеби себепотврда, нели тоа го прави ороводец во штитењето на тој криминал. А зошто премиер би штител криминал, причината е една, затоа што токму од таму извира криминалот. Зоран Заев велеше дека Катица Јанева е добар човек со капацитет, дека не се откажува од неа и дека тоа е неговата црвена линија. Но денес, прашањето е дали сѐ уште верува во капацитетите на Јанева и дали можеби е тоа причината зошто не проаѓа Законот за обвинителство, та нели Катица треба да биде дел од Републичкото Обвинителство? Сите знаат дека силата на тој октопод кој изнудувал пари не се ниту прво, ниту второ осомничениот, туку власта преку слугите во обвинителството и судството ги легитимирала како нивна силна рака“, дециден е Мицкоски.

Тој вели дека месеци ја делат Македонија од промена на власта, по што тие што се огрешиле пред законот ќе мора да понесат одговорност.