За седум години, само една пресуда за загаден воздух


Супермаркет од Гевгелија што испуштал непријатна миризба и голема бучава од вентилациските цевки и со тоа ги загрозил жителите на три куќи е единствениот кривично осуден загадувач на воздухот од 2012 година до денес. Оваа пресуда била донесена од гевгелискиот суд во 2014 година и е единствената што може да се најде во судската архива …

За седум години, само една пресуда за загаден воздух Read More »

Загадувањето на воздухот е најголема закана за здравјето во Европа


Шведска– Европските држави треба да направат поголеми напори за подобрување на квалитетот на воздухот заради исклучително лошите резултати од влијанието на загаден воздух врз човековото здравје и околината, се наведува во анализа на Европската агенција за заштита на животната средина. Загадувањето на воздухот е главна причина за предвремена смрт во 41 европска држава меѓу кои …

Загадувањето на воздухот е најголема закана за здравјето во Европа Read More »

Во Аеродром воздухот повторно смрди


Ново Лисиче и Лисиче смрдат на чад и на изгорено, а градоначалникот Златко Марин вели дека се работи за мали пожари во кои гореле грмушки. Неколку денови по ред, особено во вечерните часови, жителите на Општината Аеродром, особено на овие две населби, повторно се борат за воздух. Почетокот на грејната сезона и првите пониски температури …

Во Аеродром воздухот повторно смрди Read More »

За чистење оџак, субвенција од 1.000 денари


Градот Скопје ќе субвенционира 1.000 денари за секое домаќинство или фирма, кои пред почетокот на грејната сезона ќе ги исчистат оџаците. Советот на Скопје вчера даде зелено светло од буџетот да се одвојат два милиони денари за субвенции за оваа намена. Целта, како што посочи градоначалникот Петре Шилегов, е да се намалат штетните емисии од …

За чистење оџак, субвенција од 1.000 денари Read More »

Ќе се утврдува колку загадува греењето на дрва


Повторно ќе се испитува квалитетот на воздухот во Скопје. Градските власти на тендер бараат компанија која по акредитирани методи во текот на 12 месеци ќе го испитува квалитетот на воздухот, со акцент на деловите од Скопје каде што затоплувањето е со печки на дрва. Слично истражување беше спроведено во 2016 и 2017 година, а повтореното …

Ќе се утврдува колку загадува греењето на дрва Read More »

Пожар во „Макстил“: Гореше старо железо, гаснеа 9 пожарникарски возила


Отпадно железо пред рециклирање синоќа во 23.20 часот се запалило во фабриката „Макстил“ во Скопје при што интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар. Поради високата температура и густиот чад што се развиле од пожарот, дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод …

Пожар во „Макстил“: Гореше старо железо, гаснеа 9 пожарникарски возила Read More »

Доцни филтерот за отровите од „Дрисла”


  Ништо од најавите дека од денеска чадот од согорениот медицински отпад на „Дрисла” ќе се филтрира низ нов систем, кој треба да ги елиминира отровните честитки што се испуштаат во воздухот. Наводно, дождот бил причина за пролонгирање на монтажата на филтерот, брифираат надлежните. Но, потенцираат, дека до крајот на неделава тоа сигурно ќе се …

Доцни филтерот за отровите од „Дрисла” Read More »

Увозот на стари автомобили стагнира, наскоро нов наплив на возила од Европа


Во Македонија од година во година се намалува бројот на возила што се увезуваат. Податоците на Царинската управа за регистрирани возила покажуваат дека минатата година се регистрирани 2.615 возила помалку во споредба со 2016 година, а драстично намалување за дури 31.033 возила има во однос на 2010 година кога беше дозволен повластен увоз на половни …

Увозот на стари автомобили стагнира, наскоро нов наплив на возила од Европа Read More »

АХВ: Има олово, кадиум и жива во црниот дроб на дивите свињи


И до десет пати поголеми концентрации на тешки метали од дозволените во црниот дроб на дивечот, покажува анализата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) направена во периодот 2002-2017 година. Како што соопшти денеска директорот на АХВ Зоран Атанасов, станува збор за кадмиум, олово и жива присутни во црниот дроб на дивечот поради што се …

АХВ: Има олово, кадиум и жива во црниот дроб на дивите свињи Read More »

Димитровски: Старите дизел-возила најголем загадувач


Емисијата на издувни гасови од возилата влијае врз квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје. Како една од долгорочните мерки во борбата против аерозагадувањето Градот, заедно со МВР, најавија законски измени со кои при техничкиот преглед на возилата секое возило ќе може еколошки да се мапира и ќе добие налепница. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во ноември …

Димитровски: Старите дизел-возила најголем загадувач Read More »

СЗО го стави Балканот на врвот на светски најзагадени региони


Квалитетот на воздухот во балканските земји е катастрофален, оцени Светската здравствена организација (СЗО). Но, се чини, дека тоа не е приоритет ниту на Европската Унија ниту на државните институции. Босна и Херцеговина е на прво место во Европа по бројот на смртни случаи поради загадениот воздух, а на светско ниво е на второто место – …

СЗО го стави Балканот на врвот на светски најзагадени региони Read More »

Скопје уште во февруари го надминa годишниот ЕУ лимит за загадување


Скопје ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари. Овие ЕУ лимити денеска се надминати на сите мерни станици во Скопје, освен во Миладиновци, општина Илинден, соопшти Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“. Во ЕУ дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во 24 часа просечно се 50 микрограми на метар кубен. …

Скопје уште во февруари го надминa годишниот ЕУ лимит за загадување Read More »

Прекршочни пријави за струмичани кои се грееле со стар мебел, гуми и пластика


Инспекциските служби на општина Струмица по извршените контроли кај стопанските субјекти и домаќинствата утврдиле дека го загадуваат воздухот повеќе од дозволеното и против нив се отворени прекршочни постапи, соопштија денеска од Општината, но не информираа колку постапки и против кого се отворени. – Во рамките на своите надлежности и овластувања општина Струмица преку своите иснпекциски …

Прекршочни пријави за струмичани кои се грееле со стар мебел, гуми и пластика Read More »

Обвинителството отвори истрага за „Дрисла“


Од Основното јавно обвинителство- Скопје информираат дека по допрен глас е отворен предмет за работењето во депонијата „Дрисла“-Скопје за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик. „Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци …

Обвинителството отвори истрага за „Дрисла“ Read More »

Шилегов: Град Скопје во 2012 година издал меница за нова печка, а печка нема


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, смета дека одговорноста за тоа зошто било дозволено досега инсинераторот на депонијата Дрисла да работи без филтри е на поранешните градоначалници на градот и екс-министрите и заменици министри за животна средина. Тој очекува до крајот на февруари да биде ставен воден филтер на печката за согорување на отпадот и до …

Шилегов: Град Скопје во 2012 година издал меница за нова печка, а печка нема Read More »

Колку е опасен опасниот отпад од увоз?


Правилното собирање и транспорт на медицинскиот отпад и зголемениот број приватни здравствени установи се причината поради која континуирано се зголемува количеството ваков отпад што се согорува на „Дрисла“. Според д-р Михаил Кочубовски, раководител на Секторот за здравствена екологија при Институтот за јавно здравје, болниците се добро обучени за третман на медицинскиот отпад. Една од работите …

Колку е опасен опасниот отпад од увоз? Read More »

УСЈЕ на ремонт до февруари


Цементарницата УСЈЕ го сопре целокупниот процес на производство. Од Министерството за животна средина велат дека побарале од нив да изгасат една печка што согорува отпад поради енормното загадување на воздухот во Скопје, по што раководството одлучило да го запре целиот процес, со објаснување дека и онака требало да го извршат редовниот ремонт. Од Цементарница УСЈЕ …

УСЈЕ на ремонт до февруари Read More »

Пет милиони евра за нова печка во „Дрисла“


Депонијата „Дрисла“ за три месеци ќе добие нова печка за согорување отпад со што би требало да се намали аерозагадувањето во Скопје. Градот Скопје даде кредитни гаранции во висина од 4,5 милиони евра за набавка на нов инсенератор, кој на температура од над 1.600 Целзиусови степени ќе уништува медицински, хемиски и органски отпад, дознава „Независен …

Пет милиони евра за нова печка во „Дрисла“ Read More »

Се укинуваат вонредните мерки за загадувањето


Вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот денеска престануваат да важат. Тие беа активирани на 8 јануари поради зголемените концентрации на ПM 10 честички во воздухот. Одлуката за укинување на мерките против аерозагадувањето ја соопштија вчера Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје, затоа што среднодневните концентрации на …

Се укинуваат вонредните мерки за загадувањето Read More »

Толку од бесплатниот превоз: Од утре престануваат да важат мерките против загадениот воздух


Од утре ќе престанат да важат мерките што се воведоа поради зголемените концентрации на PM 10 честичките во воздухот, соопшти попладнево Министерството за животна средина и просторно планирање. – Согласно податоците од ДАМСКВ (Државен автомаски мониторинг систем за квалитет на воздух) на ден 9.01.2018, среднодневните концентрации на РМ10 честистички се под дефинираниот праг за алармирање (среднодневни  …

Толку од бесплатниот превоз: Од утре престануваат да важат мерките против загадениот воздух Read More »