Засилени инспекции против загадувањето во Центар


Инспекциските служби на Центар спроведуваат засилени надзори и контроли на територијата на општината за справување со аерозагадувањето и оставањето градежен отпад. Контрола е извршена на повеќе активни градилишта во Буњаковец, Центар, Кале и Пролет, при што се изречени глоби на субјекти кои не ги почитувале мерките за одржување на градилиштата на начин што нема да …

Засилени инспекции против загадувањето во Центар Read More »

Шукова: Во 70-ина институции во наредните две години ќе ги замениме системите за загревање


 Анализите се јавни и покажуваат дека 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата, но секако и од јавни институции кои не  користат еколошки системи за затоплување и таму интервенираме. Во 70-ина институции во наредните две години ќе ги замениме системите. Процесите не одат толку брзо, но тоа не значи дека треба да застанеме на овие …

Шукова: Во 70-ина институции во наредните две години ќе ги замениме системите за загревање Read More »

Струмица под мерки за намалување на аерозагадувањето


Во Струмица стапуваат на сила препораки и мерки поради тоа што е надминат прагот на аерозагадување. Два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и …

Струмица под мерки за намалување на аерозагадувањето Read More »

ЕЕА: Загадувањето со ситни честички предизвика смрт на 253.000 луѓе во Европа во 2021 година


  Загадувањето на воздухот со ситни честички предизвикало 253.000 смртни случаи во Европската унија во 2021 година, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) објавен денеска. „Најмалку 253.000 смртни случаи во ЕУ во 2021 година може да се припишат на изложеност на загадување со ситни честички (PM 2,5) над 5 μg/m3, …

ЕЕА: Загадувањето со ситни честички предизвика смрт на 253.000 луѓе во Европа во 2021 година Read More »

Проблемот со загадувањето не се решава во година, две – се преземаат сите мерки


Зимата наближува, а греењето е дополнителен проблем кој придонесува воздухот, особено во поголемите градови да биде загаден. Вчера беше објавено дека Скопје е седми загаден град во светот, но министерката за животна средина Каја Шукова вели дека преземаат мерки за намалување на загадувањето.  – Постојано преземаме мерки (за аерозагадувањето) во рамките на оние надлежности коишто …

Проблемот со загадувањето не се решава во година, две – се преземаат сите мерки Read More »

Пет општини ќе се справуваат со загадувањето на воздухот со помош на Шведска и УНДП


Во пет општини, Кавадарци, Струмица, Гостивар, Струга и Куманово, со најсовремена опрема и методологија, ќе се идентификуваат изворите на загадувањето на амбиентниот воздух, при што за прв пат, кога било во земјата, ќе се спроведе и мерење на загадувањето на воздухот во затворен простор. Истражувањата кои ќе ги врши Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и …

Пет општини ќе се справуваат со загадувањето на воздухот со помош на Шведска и УНДП Read More »

Со ЕУ и Грција ќе ги зајакнуваме капацитетите за имплементација на европското законодавство од областа на индустриско загадување


Со твининг проект, со поддршка на Европската Унија и експерти од Грција, ќе се работи на зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство од областа на индустриското загадување. Ова беше истакнато денеска на одбележувањето на почетокот на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на индустриското …

Со ЕУ и Грција ќе ги зајакнуваме капацитетите за имплементација на европското законодавство од областа на индустриско загадување Read More »

Работна средба на Зелената група


Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени (Зелена група) денеска ќе одржи работна средба со претставници на невладината организација „Еко-свест“ и Глобалниот еколошки фонд за Нацрт-законот за климатска акција и Фондот за животна средина.

Започнуваат проекти за справување со аерозагадувањето и унапредување на капацитетите на општините


Започнува реализацијата на проект за справување со загадувањето на воздухот во пет општини и проект за унапредување на капацитетите на општините и поддршка на рамномерниот регионален развој, кои Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги реализира со поддршка на Шведска. Денеска беа презентирани главните цели и активности на Програмската рамка за соработка помеѓу …

Започнуваат проекти за справување со аерозагадувањето и унапредување на капацитетите на општините Read More »

Студија: ЕУ го извезува своето загадување во Србија, Црна Гора, Албанија…


  Европската унија ја пренесува својата еколошка штета на трети земји, а пред се на нејзините источни соседи, покажаа резултатите од истражувањето на меѓународна група истражувачи. Емисиите на стакленички гасови и потрошувачката на материјали од Европската унија се зголемуваат надвор, а се намалуваат во земјите-членки, се вели во студијата објавена во четвртокот во списанието Nature …

Студија: ЕУ го извезува своето загадување во Србија, Црна Гора, Албанија… Read More »

Шест градоначалници од Скопје се договараа како до намалување на загадувањето


Координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт на координирана акција за справување со загадувањето, институционално постапување за интегрираните еколошки дозволи, чистење на дивите депонии, заедничко постапување за справување со комуналните проблеми, како и нови мерки за ограничување на тешките товарни возила низ општините беа темите на кои разговараа градоначалниците на скопските …

Шест градоначалници од Скопје се договараа како до намалување на загадувањето Read More »

Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите


Цементарница УСЈЕ е дел од загадувачката индустрија во Македонија што согорува отпад како „алтернативно гориво“. Неодамна медиумите беа преплавени со апологиите на лобисти од индустријата кои бараат укинување на забраната за увоз на отпад за горење, зашто тоа било единствениот начин за да станат поконкурентни на пазарот. Активистичките групи кои се членки на Зелен хуман …

Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите Read More »

Нуредини: По вонредната инспекција во УСЈЕ, ако има неправилности ќе има санкции


Откако вчера, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се закани со кривична пријава за Цементарница Усје, заради зголемено загадување, а тие демантираа, денеска министерот за животна средина Насер Нуредини, вели дека по наодот на вонредната инспекција, ќе има санкции ако има неправилности. – Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“ и ќе продолжиме со тие …

Нуредини: По вонредната инспекција во УСЈЕ, ако има неправилности ќе има санкции Read More »

Славески: Нема доволно потписи за вонредна седница на Советот на Скопје за загадувањето


  Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески апелира на соодветна државна реакција и имплементација на координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град. Славески во писмената реакција до јавноста исто така информира дека нема собрано доволен број потписи за свикување вонредна седница на Советот на Град …

Славески: Нема доволно потписи за вонредна седница на Советот на Скопје за загадувањето Read More »

Тетово и Гостивар со мерки за заштита од загадување


Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која …

Тетово и Гостивар со мерки за заштита од загадување Read More »

Инспекции на Општина Центар – казна за едно возило со валкани тркала


  Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во текот изминатите денови спроведува акција на терен за контрола на различни правни субјекти во однос на контрола на градилиштата. Поделени се Известувања со обврски согласно Законот за јавна чистота, со кои се информираат изведувачите на градежни објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани …

Инспекции на Општина Центар – казна за едно возило со валкани тркала Read More »

Два објекта треба да платат по 12.000 евра казна за загадување


Во изминатите денови извршени се над 20 вонредни инспекциски контроли на градилишта, Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на град Скопје, кај кои во две е утврдено надминување во дозволените емисии и изречена глоба по 12.000 евра кај секој од субјектите.  Контролирани се Топлана Север и топланата на Клинички центар, утврдено е …

Два објекта треба да платат по 12.000 евра казна за загадување Read More »

ЈСП: Бесплатен јавен превоз поради загадувањето на воздухот


Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека согласно соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз. Како што информираат оттаму, мерката започнува да се применува од денеска година па сè до завршување на алармантната …

ЈСП: Бесплатен јавен превоз поради загадувањето на воздухот Read More »

Во Скопје, Кичево, Квадарци и Струмица стапија во сила мерки против загадувањето


  Поради зголемено загадување стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за Градот Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, известува Владата согласно информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми …

Во Скопје, Кичево, Квадарци и Струмица стапија во сила мерки против загадувањето Read More »

О2: Буџетот за животната средина повторно почнува со нула, загадувањето останува на маргините


Буџетот е во Собранието, е најголем до сега, но она што е одвоено за животна средина е маргинално, само 0,65 отсто. Сите овие изминати години, овој процент е минимален и почнува со нула, со исклучок на 2022 година каде се издигна над 1 отсто од Буџетот, но колку ќе биде реализирано на крај на годината, …

О2: Буџетот за животната средина повторно почнува со нула, загадувањето останува на маргините Read More »