Толку од бесплатниот превоз: Од утре престануваат да важат мерките против загадениот воздух


Од утре ќе престанат да важат мерките што се воведоа поради зголемените концентрации на PM 10 честичките во воздухот, соопшти попладнево Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Согласно податоците од ДАМСКВ (Државен автомаски мониторинг систем за квалитет на воздух) на ден 9.01.2018, среднодневните концентрации на РМ10 честистички се под дефинираниот праг за алармирање (среднодневни  концентрации над 200 mg/mбарем на две мерни места во Скопје и стабилна временска прогноза). Имено, среднодневната концентрација на РМ10 од 200 mg/m3 е надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината, што значи дека од утре, четврток 11.01.2018 година, мерките престануваат да важат – се вели во соопштението.

Мерките беа активирани на 8 јануари откако два дена последователно беа измерени над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и Ректорат.