Прегазен велосипедист кај Тутунски


Велосипедист е прегазен во тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово на раскрсницата кај Тутунскиот комбинат во Скопје.  Според очевидци на настанот едно лице со возилото на Брзата помош е пренесено во болница, а велосипедот e целосно уништен.  Полицијата во моментов врши увид на местото, а повеќе информации за несреќата се очекуваат во текот на денешниот …

Прегазен велосипедист кај Тутунски Read More »

Биомасата најголем загадувач на воздухот во Скопје


Биомасата, транспортот и индустријата најмногу придонесуваат за загадување на воздухот во главниот град, покажала студијата изработена со софистицирана лабораториска опрема на Универзитетот „Гоце Делчев“. – Боиомасата е еден од најголеми загадувачи во Скопје. Во меѓувреме се вели исто така дека и транспортот е еден од најголемите проблеми и индустријата, како и неконтролирано греење на масло. …

Биомасата најголем загадувач на воздухот во Скопје Read More »

Се реконструираат тротоари, рабници, а се асфалтираат велопатеки


Екипите на ЈП „Улици и патишта“  деновиве продолжуваат да работат на  подготовка  за асфалтирање на дел од пешачката и на вело патеката, како и на ископ и поставување рабници  на булеварот „Србија“. На булеварот „Гоце Делчев“  пред  катната гаража Судска палата  екипите  продолжуваат со следната фаза при  реконструкција на тротоарот  и отстранувањето на оштетените плочки …

Се реконструираат тротоари, рабници, а се асфалтираат велопатеки Read More »

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје


Во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај, поради одржување на атлетска трка на 10 км – „Водно 10К“. Трасата на движење е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Трката е о организација на атлетски клуб „Фортиус“, а како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на …

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје Read More »

Културата во фокусот на состанокот на Четвртата работна група за соработка меѓу Македонија и Бугарија во Софија


Во Софија, Република Бугарија, денеска, 22.3.2022 г.,  ќе се одржи третиот состанок на  Четвртата работна група за билатерална соработка меѓу двете земји, која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот. На состанокот ќе учествуваат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорите на Националната агенција за европски образовни програми …

Културата во фокусот на состанокот на Четвртата работна група за соработка меѓу Македонија и Бугарија во Софија Read More »

Сред најголем сообраќаен метеж, почна големото чистење на Скопје


Од Чешма во Кисела Вода, но сред сообраќаен метеж беа донесени педесетина улични чистачи и триесетина специјализирани возила, со што се најави генералното чистење на скопските улици и булевари. Од пред споменикот на Тодор Александров се дигнаа облаци прашина, се отворија одводните шахти, а по должина на булеварот „Борис Трајковски“ се отворија шахтите кои ја …

Сред најголем сообраќаен метеж, почна големото чистење на Скопје Read More »

„Дрисла“ купи два булдожера и два натоварувачи


Побрзо третирање на отпадот и заштеда од досегашната пракса на изнајмување на градежни машини од надворешни компании е придобивката од набавката на четири нови машини во Јавното претпријатие Дрисла. Обезбедени се два булдожери и два натоварувачи со што значително ќе се подобри третирањето на отпад во депонијата. Претпријатието Дридла дејност обавуваше со стара опрема што …

„Дрисла“ купи два булдожера и два натоварувачи Read More »

Во Скопје идната недела продолжуваат разговорите со Бугарија, македонската страна со јасни усогласени ставови


Разговорите со Бугарија за отворените политички прашања продолжуваат следната недела, со посетата на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на Скопје на 23 и 24 март. Северна Македонија во процесот на разговори настапува со јасни усогласени ставови во однос на отворените прашања. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера на средба со новинарите, најавувајќи ја …

Во Скопје идната недела продолжуваат разговорите со Бугарија, македонската страна со јасни усогласени ставови Read More »

Високиот претставник на ЕУ Борел в понеделник во Скопје


 Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, в понеделник ќе допатува во Скопје, во рамки на неговата посета на регионот, којашто почнува од утре до 16 март, при што освен Северна Македонија, ќе ги посети и Албанија и Босна и Херцеговина. Во Скопје Борел ќе има …

Високиот претставник на ЕУ Борел в понеделник во Скопје Read More »

На два пункта во Скопје се собира хуманитарна помош за Украина


Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ и Meѓународниот штаб за помош на Украинците упатуваат  апел за хуманитарна помош за Украина. Сите оние кои сакаат да помогнат со некои продукти, тоа можат да го направат на пунктовите во: Магацин на компанија „Кодинг Горска” на адреса: Ѓорче Петров, ул. „Шарпланина“ бр. 4 секој работен ден од …

На два пункта во Скопје се собира хуманитарна помош за Украина Read More »

Советот на Град Скопје изгласа 7 милиони денари хуманитарна помош за граѓаните на Украина


  Советот на Град Скопје вчера изгласа Одлука за давање хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари, како израз на солидарноста на скопјани за граѓаните зафатени од воениот конфликт во таа земја. На седницата Советот на Град Скопје го констатира престанокот на мандатот на досегашниот членот на Советот Мартин Попов, …

Советот на Град Скопје изгласа 7 милиони денари хуманитарна помош за граѓаните на Украина Read More »

Градот Скопје ќе финансира целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода


Советот на Град Скопје на  денешната седница  расправаше и  донесе одлука Град Скопје  да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“, општина Кисела Вода. Проектот  ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода. Со овој проект се предвидува изградба на атмосферска канализација, целосна реконструкција на коловозот …

Градот Скопје ќе финансира целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода Read More »

Земјотрес во Скопје


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2.0 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван утрово во Скопје и околината. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија го регистрирала земјотресот во 9 часот и 48 минути, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Се расчистуваат паднати дрвја на повеќе локации во Скопје


По обилните снежни врнежи екипите од секторот „Дрвореди“ во текот на целата ноќ работеа на расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации низ градот. Предност во расчистувањето имаат дрвјата паднати врз коловози заради обезбедување на непречено одвивање на сообраќајот. Екипите досега интервенираа на ул. „Цицо Поповиќ“ бр 5 , ул. „Мирослав Крлежа“, бул. …

Се расчистуваат паднати дрвја на повеќе локации во Скопје Read More »

(Видео) Протест во Скопје за поддршка на Украина


Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска организира протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“. Здружението ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот и да го изразат својот револт. Маршот почна кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14 часот. Претседателот на здружението на …

(Видео) Протест во Скопје за поддршка на Украина Read More »

Снежна Прочка во Скопје


Цела зима главниот град едвај да виде снег. Малку на Водно и на Скопска Црна Гора и во далечините на Китка и Шара, но во градот, снегот само срамежливо се покажа. Затоа пак, ноќва наврна доста снег, па скопјани побрзаа да прошетаат во парк, да му се израдуваат на снегот, а и да се надишат …

Снежна Прочка во Скопје Read More »

Протестен марш против војната во Украина


Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска ќе организира протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.  Здружението ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот и да го изразат својот револт. Маршот ќе започне кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот. 

Облачно со снег и дожд


– Времето денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, а долж Повардарието од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени. Во Скопје и околината облачно со врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 4 степени. Утре …

Облачно со снег и дожд Read More »

ГуливЕр ќе лета двапати неделно од Софија до Скопје и назад


Обновени се летовите на редовната авионска линија Софија-Скопје-Софија. Првиот лет на бугарската авиокомпанија ГуливЕр ќе биде на 26 март 2022 година. Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник. – Обновувањето на летовите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важен чекор за подобрување на транспортната поврзаност меѓу двете земји. …

ГуливЕр ќе лета двапати неделно од Софија до Скопје и назад Read More »

Почнува постапката за изградба на пречистителна станица во Скопје кај Трубарево


Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ годинава започнуваат со реализација на проектот за изградба на Пречистителна станица за третман на отпадни води – Скопје, како најголем еколошки проект за Скопје и скопјани, проект во вредност од 136 милиони евра. Со проектот ќе се прочистат 90% од водите во градот. Денеска во просториите на ЈП …

Почнува постапката за изградба на пречистителна станица во Скопје кај Трубарево Read More »