Утре посебен сообраќаен режим во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Поради одржување на оперативно-тактичка вежба утре ќе има посебен сообраќаен режим по улиците во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, оперативно-тактичката вежба ќе се одржува во периодот од 09:30 до 12:00 часот, од страна на МВР, во координација со Амбасадата на САД, при што за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“ и булеварот „Никола Карев“, на потегот од улицата „Македонско-косовска бригада“ до улицата „8 Септември“.

За таа цел, од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива вежбата.