Почувствуван земјотрес во Скопје, ја затресе БиХ со 5,7 степени


Велерва, во 23.07 часот беше почувствуван земјотрес во Скопје, а  жителите на главниот град, особено оние кои живеат на повисоките катови на социјалните мрежи постираат видеа од разнишани лустери. 

Земјотресот што го почувствуваа скопјани, најверојатно беше со епицентар во Херцеговина. Односно, во близина на Мостар и Требиње. Според првичните информации земјотресот бил со јачина од 5,7 степени, според Рихтер, јавуваат босанските медиуми, повикувајќи се на страницата ЕМСЦ. Епицентарот е регистриран на 44 километри од Мостар, а  бил на длабочина од 2 километри.

Земјотресто е почувствуван и во Сараево, Тузла и други градови во регионот.