Скопје утрово меѓу најзагадените градови во светот


Според веб-страницата IQAir, која ги рангира земјите според степенот на загаденост на воздухот, Македонија утрово високо котира на непопуларната светска мапа. Со индекс на загаденост од 166 во Скопје, Македонија е на врвот на листата на IQAir, а пред нас се само Белград во Србија и Делхи во Индија. Како што се наведува на веб-страницата, […]

Започнува реконструкција на 36 мостови низ Скопје


Град Скопје соопшти денеска дека во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта отпочнува со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје. „Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходна е реконструкција на коловозот, тротоарите и оградите, […]

Град Скопје бара заостанатиот данок за 2019 и 2020 година да се плати до десетти месецов


Град Скопје ги известува сите граѓани дека ќе пристапи кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства неплатени обврски кои не се подмирени по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година. Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски, во постапка за […]

ЈСП вклучува свои автобуси да ги „покрие“ линиите на кои не возат дел од приватните автобуски превозници


ЈСП „Скопје“ денеска вклучува дополнителен број на автобуси за на тој начин да ги „покрие“ линиите на кои приватните автобуски превозници од „Макекспрес“ не возат, поради долгот кој го има Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Станува збор за линиите 19, 20, 52, 54 и 22 кои превезуваат патници од Шуто Оризари, Ржаничино, Волково и Колонија […]

Објавен Конкурс за новинарски текст на тема „Есеј за старо Скопје“


По повод Денот на ослободувањето на Скопје, градската Дирекцијата за култура и уметност во рамки на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент распиша Конкурс за новинарски текст на тема „Есеј за старо Скопје“.  Краен рок за испраќање на есеите е 15 ноември 2022 […]

Арсовска: Департизацијата не смее да го прекине водоснабдувањето на Скопје


Десетина дена жителите на Скопје се заплашуваат дека Градот ќе остане без водоснабдување со вода за пиење, мерка која е речиси невозможно да се оствари, а граѓаните ги штити Законот за снабдување со вода. Имено, според тој Закон „Давателот на услугата е должен на корисниците на услугата да им обезбеди трајно и непрекинато снабдување со […]

Во Скопје, два дена, филмски ќе се пука


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од страна на менаџерот на продукција на играниот филм „Син портокал“ сме известени дека од утре, 23.10, до 25.10.2022 во периодот од 9 до 18 часот во објект на ул.„Фредерик Шопен“ во Скопје ќе се снимаат сцени за филмот во кој ќе биде употребено огнено оружје.  МВР […]

Исчезна 17-годишна скопјанка


Девојка од Скопје, на возраст од 17 години е пријавена за исчезната. На 19.10.2022 во 18 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(46) пријавила дека, по претходна семејна расправија, од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М.К.(17), соопштија од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопјани стигнаа на работа и без автобусите на ЈСП, метеж во градот


Скопје утринава прв пат е без јавен градски превоз, односно возат само приватните автобуси, кои не ги покриваат сите линии. Граѓаните подготвени за ваквата ситуација седнаа во автомобили, што пак, речиси ги блокира улиците. Сепак, нервозата изостана кај оние кои се обидуваа да стигнат до работа, до училиште, на факултат. Сообраќајот се одвива споро, но […]

Што кажа царот Борис Трети во Скопје пред 80 години?


  Деновиве, кога во Охрид беше отворен клуб со името на цар Борис III, беше одбележана и 80-годишнината од посетата на монархот на Скопје. Потоа, саботата беше посветена и на годишнината од стапувањето на тронот на монархот на 3 ноември 1918 година. Во 10 часот на 3 октомври 1942 година два автомобили се приближиле до […]

Првиот снег во Скопје може брзо да дојде


Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата. Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата. Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на […]

Приватните превозници во јавниот сообраќај во Скопје немаат пари за гориво


Градот, односно Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ на приватните превозници им должи околу 68 милиони денари што треба да им се исплаќаат неделно и месечно, со што се доведува во прашање јавниот градски превоз во Скопје во делот кој го покриваат тие. Директорот на приватното претпријатие за јавен превоз „Слобода превоз“, Ленин Јовановски вели дека долгот […]

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“ покажа успешни резултати во пилот населбата Лисиче


Мерките преземени за подобрување на енергетската ефикасност на домовите и замената на старите грејни тела и шпорети со нови во над 120 домаќинства во населбата Лисиче дадоа резултат и покажаа намалување на загадувањето на воздухот во домовите и во околината каде што беа направени интервенциите. Овие анализи беа презентирани денеска на завршниот настан на проектот […]

Изменет сообраќаен режим во недела, во Скопје, заради атлетски трки


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 18.09.2022 (недела) со почеток во 08.00 часот, во организација на атлетски клуб Korrunners, ќе се одржи атлетска улична трка „Колорран 2022“.   Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по бул.„Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево […]

СДСМ нема да дозволи нова катастрофа во Скопје


Кавгите во Градот Скопје, за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра е на директна штета на граѓаните и го покажува вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од владејачката СДСМ. – Град Скопје една година стои во место. Клучните проекти за граѓаните се закочени, очигледно заради бизнис интереси на структури во ВМРО-ДПМНЕ. […]

Нова рунда оставки во Скопје – на директорите на „Улици и патишта“, „Лајка“ и ЈСП „Турс“


  ВМРО-ДПМНЕ денеска ѝ возврати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нејзините жестоки вчерашни зборови со тоа што уште тројца директори на јавни претпијатија поднесоа оставки – на „Улици и патишта“, „Лајка“ и ЈСП „Турс“. Заедно со другите разрешувања и оставки во комуналните претпријатија Скопје е на самиот раб да не може да функционира, […]

Што претставува пречистителната станица за отпадни води за Скопје?


  Пречистителната станица за отпадни води за Скопје (ПСОВ), која треба да се гради во Трубарево, Општина Гази Баба, треба да ги пречистува отпадните, фекални и канализациски води од речиси сите домаќинства во главниот град и такви да се испуштаат во реката Вардар. Изградбата на ПСОВ сè ущте не е започната, а проектот вреден 136 […]

Најскапа киријата во Центар, најевтино во Ѓорче


Побарувачката за закуп на недвижности на стартот на новата учебна и академска година почнува да се зголемува и ситуацијата е подобра од претходната година, меѓутоа не е како пред почетокот на пандемијата. Цените растат, меѓутоа имајќи ја предвид економската моќ на населението не се очекува толку драстично да се зголемат, велат од Групацијата за недвижности […]

Три лица каснати од улични кучиња вчера во Скопје


Во текот на вчерашниот ден пријавени се три каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје. На 07.09.2022 во 20.25 часот во Полициската станица Центар Љ.Т.(66) од Скопје, пријавил дека на ул.“Периша Савелиќ“ бил каснат од куче скитник. Исто така, вчера во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром Н.Т.(73) од Скопје пријавил дека на бул.“Асном“ […]