ЈСП вклучува свои автобуси да ги „покрие“ линиите на кои не возат дел од приватните автобуски превозници


Фото: Б. Грданоски

ЈСП „Скопје“ денеска вклучува дополнителен број на автобуси за на тој начин да ги „покрие“ линиите на кои приватните автобуски превозници од „Макекспрес“ не возат, поради долгот кој го има Јавното сообраќајно претпријатие кон нив.

Станува збор за линиите 19, 20, 52, 54 и 22 кои превезуваат патници од Шуто Оризари, Ржаничино, Волково и Колонија Идризово.

– ЈСП „Скопје“ од утринава вклучува свои возила на линиите кои ги опслужува „Макекспрес“, односно скопјани не останаа без превоз на линиите на кои вози посочениот приватен превозник, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие.
 

Инаку, утрово дел од приватните автобуски превозници не превезуваат патници поради како што рекоа немањето на доволно финансиски средства за да ги покријат дневните потреби за набавка на гориво.