Во Скопје, два дена, филмски ќе се пука


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од страна на менаџерот на продукција на играниот филм „Син портокал“ сме известени дека од утре, 23.10, до 25.10.2022 во периодот од 9 до 18 часот во објект на ул.„Фредерик Шопен“ во Скопје ќе се снимаат сцени за филмот во кој ќе биде употребено огнено оружје. 

МВР и за вчера издаде слично предупредување, но овој пат за објект на ул. „Владимир Полежановски“ во Скопје каде  за снимање на серијата „Бистра вода“, исто така беше употребено огнено оружје.