Три лица каснати од улични кучиња вчера во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Во текот на вчерашниот ден пријавени се три каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје.

На 07.09.2022 во 20.25 часот во Полициската станица Центар Љ.Т.(66) од Скопје, пријавил дека на ул.“Периша Савелиќ“ бил каснат од куче скитник.

Исто така, вчера во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром Н.Т.(73) од Скопје пријавил дека на бул.“Асном“ бил каснат од куче скитник.

На 07.09.2022 во 01.00 часот во Полициската станица Драчево М.М.(59) од Скопје пријавил дека на ул.“Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник, соопшти полицијата.