Скопје утрово меѓу најзагадените градови во светот


Фото: Б. Грданоски

Според веб-страницата IQAir, која ги рангира земјите според степенот на загаденост на воздухот, Македонија утрово високо котира на непопуларната светска мапа.

Со индекс на загаденост од 166 во Скопје, Македонија е на врвот на листата на IQAir, а пред нас се само Белград во Србија и Делхи во Индија.

Како што се наведува на веб-страницата, концентрацијата на ПМ2,5 честичките во Скопје е 17 пати поголема од препораките на Светската здравствена организација (СЗО).