Исчезна 17-годишна скопјанка


Девојка од Скопје, на возраст од 17 години е пријавена за исчезната.

На 19.10.2022 во 18 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(46) пријавила дека, по претходна семејна расправија, од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М.К.(17), соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.